Артур Зајс-Инкварт (германски: Arthur Seyß-Inquart; 22 јули 1892 — 16 октомври 1946) бил истакнати правник, а подоцна и нацистички службеник во Австрија пред нацистичката окупација од страна на Германија и на Третиот рајх во Полска и Холандија. На Нирнбершкиот процес, Зајс-Инкварт е проглашен виновен за злосторства против човештвото и подоцна бил погубен.
Животопис
Рана младост
Зајс-Инкварт е роден во Стонаров, мал град во Моравија, тогаш дел од Австроунгарија. На неговото раѓање, презимето му било Зајтих[1], по неговиот татко чех кој бил директор на училиште (мајка му била Германка). Во 1907 година неговото семејство се сели во Австрија и го менува презимето во Зајс-Инкварт. Студирал право на Виенскиот универзитет, и дипломирал во 1917 година. На почеткот на Првата светска војна, во август 1914 се пријавил во австроунгарската војска. Бил на фронтови во Русија, Романија и Италија. Повеќепати бил одликуван за храброст, а дипломирал додека се опоравувал од повредите.
Во 1911 година, се запознал во Гертруд Машка и се оженил со неа во 1916 година. Имале три деца.
Политичка кариера
По војната почнал да работи како адвокат, а во 1921 година отворил и своја пракса. За време на раните години од Првата Австриска Република бил близок со Патриотскиот фронт. Како успешен адвокат бил повикан во кабинетот на канцеларот Енгелберт Долфус на 12 март 1933 година. По Долфусовото убиство на 25 јули 1934 година станал државен советник додека пак канцелар бил Курт фон Шушинг. Во почетокот не бил член на Нацистичката партија, но бил наклонет на многу од ставовите и акциите од страна на партијата.[2] До 1938 година, Зајс-Инкварт се придружил на нацистите кога увидел какви би биле политичките струи во блиска иднина.
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
- ↑ (англиски)"Нирнберг:Срамота на судот", Јосеф Е. Персико. Пристaпено: 10 април 2010.
- ↑ Л. Л. Шнајдер, Енциклопедија на Третиот Рајх (1976), МекГрав-Хил, стр. 320
|
---|
| Осудени на смрт | |
---|
| Затворени (казна) | |
---|
| Ослободени | |
---|
| Недосудени | |
---|
| 1 Во отсуство. 2 Се самоубил. 3 Обвинението е повлечено од здравствени причини. |
|