Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) е називот за последователните судења на истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх. Судењата биле одржани во градот Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949, во Нирнбершката палата на правдата. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од најважните заробени водачи во Нацистичка Германија.
Почетоци
Меѓународниот воен трибунал имал интересни почетоци. Прашањето за решавањето на проблемот со нацистичките воени злостори се појавиле уште во 1942 година, кога Винстон Черчил предложил погубување на злосторниците според посебен закон и преку кратка постапка, од што се откажал под притисок на САД.
На Техеранската конференција, Сталин дал уште поригорозен предлог за неселективно стрелање на педесет до сто илјади германски офицери. Овој пат, и самиот Черчил се спротивставил на стреалњето на офицерите кои немале учество во злосторствата. Секретарот на трезорот на САД, Хенри Моргентау предложил план за целосна денацификација на Германија, познат како „Планот Моргентау“. Планот предлагал деиндустријализација на Германија, принудна работа и слични драстични мерки, слични на оние што самите нацисти ги планирале за Источна Европа. И Черчил и Рузвелт го поддржувале овој план и се обиделе да добијат одобрение на Квебешката конференција во септември 1944. Овој пат, СССР се спротивставил, барајќи судски процес.
По преговорите на конференциите во Техеран, Јалта и Потсдам, идното судење било регулирано со Лондонскиот договор од 8 август1945. Списокот на идните обвиненици бил ограничен на поголеми воени злосторства на европскитеСили на оската. Судењата започнале на 20 ноември1945, во Нирнберг.
Обвинети и пресуди
Геринг и Хес за време на судењето
Пред меѓународниот воен трибунал биле обвинети 24 лица и 6 организации. Обвиненијата биле различни, но сите биле обвинети за некои или за сите од следниве четири кривични дела:
Учество во заеднички план или завера за спроведување на злосторства против мирот.
Планирање, започнување и водење на агресорски војни и други злосторства против мирот.
Воени злосторства.
Злосторства против човештвото.
24-те обвинети биле:
(Легенда: „О“ - обвинет; „В“ - обвинет и прогласен за виновен; „º “ - необвинет)
Рајхсмаршал, командант на Луфтвафе и неколку одделенија на СС. Извршил самоубиство ноќта пред извршувањето на смртната казна.7Архивирано на 4 јануари 2007 г.
Генералоберст на Вермахтот, потчинет на Кајтел. На 28 февруари1953, посмртно е ослободен од вина од германскиот суд за денацификација.9Архивирано на 1 декември 2006 г.
Канцелар на Германија во 1932 година и вице-канцелар под Хитлер во 1933-34 година. Амбасадор во Австрија (1934-38) и амбасадор во Турција (1939-44). Иако бил ослободен во Нирнберг, во 1947 е осуден како воен злосторник од германскиот денацификациски суд на осум години тешка работа. Бил ослободен две години подоцна, по жалба.13Архивирано на 3 јануари 2007 г.
Истакнат банкар и стопанственик. Предвоен претседател на Рајхсбанката (Reichsbank) и министер за економија. Признал дека го прекршил Версајскиот договор.18Архивирано на 3 јануари 2007 г.
Омилен архитект на Хитлер и личен пријател, и министер за вооружување од 1942 година. Бил одговорен за искористувањето на ропската работа од окупираните територии за производство на оружје. Изразил каење.21Архивирано на 2 јануари 2007 г.
Француските судии предлагале смртните казни да се извршуваат со стрелање, бидејќи тоа била пракса на воените трибунали, но Бидл и советските судии се спротивставиле. Тие сметале дека овие лица ги прекршиле сите воени етички правила и дека не се достојни за стрелачки вод, така што е утврдено смртните казни да се извршуваат со бесење.
Осудените на временски казни ги издржувале казните во затворот Шпандау во Берлин.
Врховната команда на Вермахтот (германската армија) (Oberkommando der Wehrmacht, OKW).
Од овие организации, за невини се прогласени Раководството на НСДАП, Врховната команда на Вермахтот, СА (бидејќи најголемиот дел од злосторствата се случиле пред почетокот на војната и не биле истражувани) и дел од СС, познат како Рајтер-СС (Reiter-SS).