Артур МилерАртур Милер (англиски: Arthur Miller) - американски драмски писател и есеист. Животопис![]() Артур Милер е роден во Њујорк, во 1915 година, во сиромашно граѓанско семејство. Студирал на Универзитетот на Мичиген, а за време на студиите морал да работи за да се издржува. Во 1955 година станал претседател на меѓународната организација ПЕН.[1] ![]() ТворештвоСвојата прва драма „Уште расте тревата“, Милер ја напишал уште во студентските денови, а во 1938 година, таа била наградена од театарот Гвилд. Кариерата на драмски писател ја започнал пишувајќи радио-драми, по што следело делото „Човекот кој ја имал целата среќа“ од 1944 година, кое не доживеало никаков успех. Истата година, тој го напишал делото „Состојбата е нормална“ во кое е прикажана храброста на американскиот војник.[1] Најпознати драмски дела на Милер се:[2]
Исто така, тој е автор и на романот „Фокус“ посветен на расистичкото прашање,[1] како и на бројни есеи: „Трагедијата и обичниот човек“ (1949), „Непријател на народот“ (1950), „За социјалната драма“ (1955), итн.[2] Артур Милер припаѓа на кругот на прогресивните американски писатели. Тој бил докажан приврзаник на мирот, на слободата, на демократијата и рамноправноста меѓу луѓето и голем противник на милитаризмот и фашизмот, на агресијата, на атомското вооружување и на ограничувањето на човековите слободи.[3] Погледите на Милер за театаротВо бројни прилики (есеи, книги, предговори кон сопствените дела, новински статии итн.), Милер пишувал за естетиката на театарот. Така, во една новинска статија, Милер напишал дека повоениот американски театар жално се повторува, т.е. од сезона во сезона се ннижат дела во кои „некоја млада личност, обично девојка, обично чувствителна, бесчувствителноста на родителите, обично таткото, ја наведува или во самоуништувачки бунт или во немоќ“. Неговите погледи кон театарот најдобро се искажани во есејот „Трагедијата и обичниот човек“ од 1949 година, во кој ја отфрла тезата дека во денешното време не може да се напише трагедија. Според него, трагедијата се раѓа како последица на „апсолутната човекова принуденост да ја утврди својата вистинска вредност“. Притоа, точно е дека повеќето современи луѓе не се активни, но сè уште постојат луѓе кои не се помируваат со силите што сакаат да ги стуткаат во конформизам и „делуваат против поредокот на нештата што ги понижуваат“. А, тој ужасен страв од можноста да ни биде одземено местото под сонцето, според Милер, е најприсутен во „обичниот“ човек. Во борбата против тие мрачни сили, јунакот трпи порази, но тоа не е попусто, зашто тој во својата околина разобличува некоја неправда или зло и на луѓето околу него им ги отвора очите и им го покажува патот. „Во тоа е моралноста на трагедијата“, заклучува Милер.[4]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia