Арундати Рој

Арундати Рој
Рој во 2013
Роден/аСузана Арундати Рој
24 ноември 1961(1961-11-24)(63 г.)[1]
Шилонг, Индија
ЗанимањеПисателка, есеист, активист
Апсолвент наУчилиште за планирање и архитектура, Њу Делхи
Период1997–сега
ЖанрФикција, нефикција
Значајни делаБогот на малите нешта
Значајни наградиБукерова награда (1997)
Потпис

Сузана Арундати Рој (англиски: Suzanna Arundhati Roy; Шилонг, Индија, 24 ноември 1961) е индиска писателка и борец за човекови права. Нејзиниот најпознат роман е „Богот на малите нешта“, напишан во 1996 година, што ѝ донело светска слава.[2]

Биографија

Арундати Рој е индиска писателка родена во Шилонг на 24 ноември 1961 година. Студирала архитектура во Њу Делхи. Почнала да пишува во 1992 година. По четири години, го објавила својот прв роман Богот на малите нешта, кој веднаш го привлекол вниманието на јавноста и бил крунисан со Букеровата награда. Потоа објавила неколку новинарски дела и телевизиски и филмски сценарија. Таа целосно се посветила на активизмот и борбата за човекови права.[3] Во 2017 го објавила романот Министерство за врвна среќа.

На македонски јазик се преведени нејзините дела „Богот на малите нешта“ (првпат во 1999 година) и „Министерство за врвна среќа“ (2019).

Стил на пишување

Арундати Рој претставува разновидни ликови и ситуации кои се испреплетени во просторот и времето. Прикажува необични и интересни светови, реални и имагинарни. Тага и сериозност се гледаат низ редовите што ги напишала, но и хумор кој е префинет, ироничен, а понекогаш и саркастичен.[1][4]

Значење и влијание

Романот „Богот на малите нешта“ е мотив на краткиот расказ „Подвиткани книжевни опашки“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.[5]

Библиографија

Романи

  • Богот на малите нешта - 1996 година
  • Министерство за врвна среќа - 2017 година

Новинарството

  • Алгебра на бесконечна правда
  • Слушајќи ги скакулците
  • Скршена република

Награди

Во 1997 година романот Бог на малите нешта е награден со Букеровата награда.

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Арундати Рој“. Енциклопедија Британика. Посетено на 18 март 2021.
  2. „Арундати Рој“. Лагуна. Посетено на 8 март 2021.
  3. „Why America must stop the war now. By Arundhati Roy“. The Guardian. Посетено на 18 март 2021.
  4. „Арундати Рој“. Danas. Посетено на 18 март 2021.
  5. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 586-587.

Надворешни врски

библиографија во WorldCat Архивирано на 16 март 2021 г.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya