Археозоологија
![]() Археозоологија — научна дисциплина која ги проучува остатоците од животни на археолошките наоѓалишта. Археозоологијата или зооархеологија е студија на остатоци од животни од наоѓалишта — коска, заби, рогови, слонова коска, влакна, лушпи, и школки. Археозоолозите се интересираат за односите меѓу луѓето и животните во минатото, проучувајќи разни видови на животни кои ги вклучуваат цицачите, птиците, рибите, рептилите и влекачите, како и школки и други без‘рбетници. Ова поле, управувано од специјалисти познати како зооархеолози или аналитичари на фауна, ги испитува остатоците како што се коските, школките, влакната, хитинот, лушпите, кожите и протеините, како што е ДНК, за да извлече увид во историските интеракции меѓу луѓето и животните[1] и условите на животната средина[2]. Коските не се секогаш присутни на археолошките наоѓалишта, што зависи од условите како се зачувувале, и најчесто само по некоја коска или делови од коски можат доволно добро да бидат зачувани за археозоологот да може да ги проучува. Додека коските и школките имаат тенденција да бидат релативно позачувани во археолошки контекст, опстанокот на остатоците од фауната е генерално ретко.[3] Деградацијата или фрагментацијата на остатоците од фауната претставува предизвици во точната анализа и интерпретација на податоците[3]. Овој тип на анализа овозможува од една страна да го увидиме меѓусебниот односот на човекот и животните, а од друга страна да се запознаеме со економиите на древните заедници. Преку добиените податоци може да се утврди составот и видовите на животни кои ги ловел човекот, почетокот на припитомувањето, начинот на експлоатација на животните врз основа на остатоците од нивните скелети пронајдени во наоѓалиштето и др. Археозоолозите одговараат на прашања за тоа дали животните биле истерани, ловени или одгледувани, за тоа како биле колени, колку месото придонело за исхраната, кога животните умирале, и секакопроцесот на нивното припитомување. Студиите за фауна во наоѓалиштата конкретно, можат да покажат за тоа кои животни биле ловени и јадени и во колкав однос. Тоа дава даваат информација за сезоната на користење на наоѓалиштето или за времето на ловење на животните. Археозоологија и сродни наукиКако што покажува самото име на оваа наука, археозоологија во своите проучувања се поклопува со други области и науки. Тие вклучуваат: ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia