Асаноец (извор)![]() Асаноец — силен извор на вода, карстно врело, во близината на селото Девич во областа Порече. Се наоѓа веднаш непосредно до левиот брег на реката Треска, во подножјето на Девини Кули, на надморска височина од 515 метри и околу 1,5 километри оддалеченост, југоисточно од селото Девич. Се одликува со многу силна издашност и штедрост на вода, која се влева во реката Треска. Водите од врелото Асаноец, кои се одликуваат со голема бистрина и чистота се користат за пиење и наводнување од месното население. Водата во изворот Асаноец се појавува од Крапскиот Понор кој се наоѓа далеку на спротивната десна страна на Треска, минувајќи под коритото на течението на Треска. Утврдено е дека подземниот водотек на Крапа (Крапскиот Понор) по сифонски пат го минува коритото на Треска и се појавува преку две заезерени алувијални вртачи во врелото Асаноец, кај село Девич[1]. На овој начин преку загадување на водите во Крапскиот Понор се врши и загадување на врелото Асаноец чии води, од месното население се користат за пиење[2]. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia