Девини Кули
Девини Кули — археолошко наоѓалиште на два километри јужно од поречкото село Девич. Се наоѓа на околу седум километри до Македонски Брод, во насоката кон Самоков. Тврдината се наоѓа на рид што се издигнува на височина од околу 75 метри над коритото на реката Треска. На ова место, реката прави голем завој и го оградува градиштето од три страни. МестоположбаТесниот карпест гребен „Девини Кули” се издига 75 м високо над реката Треска на надморска височина од 596 метри, еден км југоисточно од селото Девич. Реката скршнува во голем лак околу него[1]. Пристапен е лесно од запад, преку тесното седло каде што поминувал стариот пат Скопје — Брод (— Кичево — Охрид); на ова седло се одвојувал патот кон Прилеп[1]. ПреданиеСпоред легендата, во кулите живееле две од четирите сестри на Крале Марко, Дева и Пешна. Првата живеела во кулата која била најсилно бранета тврдина во целиот регион, додека втората живеела во тврдината на влезот од пештерата Пешна.[2] ИсторијаСредновековниот град, наречен Девич, го наследил античкиот како најдобро утврдено градиште на реката Треска. Изграден е по српското освојување кон крајот на XIII или XIV век. Рударството тогаш силно се развило и градот бил економски центар на регионот. По османлиското освојување, рударството згаснало и административниот центар на областа Порече бил преместен јужно кон Македонски Брод. Самиот град Девич не е споменат во османлиските документи, што укажува дека тој исчезнал[1]. Наоди![]() Местото претставува градиште од доцноантичко време и среден век. Најстарите остатоци се забележуваат на гребенот каде била изградена укрепена населба во античко време[1]. Во доцната антика бил изграден ѕид со малтер, чиишто остатоци наместа се гледаат под средновековниот ѕид. На јужната падина и во источното подножје, до реката, се простирало неукрепено подградие со големина од 3 ха. Наоди: хеленистичка, римска и доцноантичка керамика, хеленистички и римски монети заклучно со VI век. Насекаде лежи големо количество згура од топено железо и олово[1]. Оваа рударска населба е најголема во Порече и претставувала несомнено средиште на регионот во стопанска и управна смисла. Крепоста што денес се гледа на врвот на гребенот носи градежни белези на XIII—XIV век[1]. Градежниот слог е плочест, армиран со бројни дрвени греди (сантрач). Укрепениот простор имал димензии 160 × 52 м (0,7 ха)[1]. Поделен е со напречен ѕид во два дела. Во центарот на крепоста стоела главната кула (донжон), со димензии 8 × 8,5 м и висока, денес, до 5 метри[1]. На зарамнетиот врв се зачувани многу делови од одбранбен ѕид кој околу врвот оградувал простор со димензии од 150 × 80 метри. Во внатрешноста на тврдината има две кули од кои едната има зачувани ѕидови и до височина од пет метри. Бедемот и кулите се градени од кршен камен и варов малтер и се дебели 1,5 метар. Во горниот дел на тврдината има голем водосклад. Во јужното подножје, непосредно веднаш до левиот брег на Треска е зачувана квадратна градба чии ѕидови се високи до пет метри, а месното население ја нарекува Занданот[3]. По површината на тврдината, како и на сите страни на падините, се среќаваат остатоци од градежен материјал, покривни ќерамиди, фрагменти од керамички садови, питоси.[4]. Просторот на подградието има големина од 2,5 ха. Покриен е со остатоци од некогашните куќи, со парчиња од средновековна керамика и ковано железо (клинци и кламфи, ножови и др.), многу железна згура и парчиња сурово железо[1]. Позначајни наоди: дел од бронзен крст — енколпион, прстен (X—XII век), монети — бакарни скифати од XIII век (бугарски и латински имитации), српски сребрени пари од XIV век[1]. Средновековна цркваВо јужното подножје на ридот веднаш до самите карпи под ѕидините, постои и голема градба на средновековна црква со купола во рушевини, околу која се наоѓаат и селските гробишта на селото Девич. За црквата која е доста забележителна според архитектонскиот стил на градба (налик на Св. Андреја и Св. Никола - Шишевски на Матка) може да се претпостави дека е изградена во XIV век, додека меѓу мештаните на Девич, постои предание дека нејзините најстари темели потекнуваат од VII век[3]. Црквата е прекрасно градена. Градбата на црквата е доста голема, таа е трикорабна со форма на впишан крст, кружна купола и апсида, со ѕидови високи до 4 метри. За жал, не се зачувани никакви фрески, дел од покривот е веќе срушен под дејство на атмосферските влијанија и е неопходна интервенција за зачувување на ова културно наследство. Галерија
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia