Аспарагинска киселина
Аспарагинската киселина е α-аминокиселина со хемиска формула HO2CCH(NH2)CH2CO2H. Карбоксилатниот анјон (конјугирана база) на аспарагинската киселина е познат како аспартат. L-изомерот на аспартатот е еден од 20 белковинообразувачки аминокиселини, односно градбени делови на белковините. Кодоните на оваа аминокиселина се GAU и GAC. Аспарагинската, заедно со глутаминската киселина, се класифицираат како кисели аминокиселини со pKa од 4,0. Улога во биосинтезата на другите аминокиселини![]() Аспарагинската киселина е неесенцијална кај цицачите и се произведува од оксалацетат по пат на трансаминација. Кај растенијата и микроорганизмите, аспарагинската киселина е претходник за синтеза на неколку аминокиселини, вклучувајќи четири есенцијални: метионин, треонин, изолеуцин и лизин. Претворањето на аспарагинската киселина во овие аминокиселини започнува со нејзина редукција до соодветниот семиалдехиден облик, односно HO2CCH(NH2)CH2CHO. Аспарагинот се добива од аспарагинската киселина преку трансаминација:
(каде GC(O)NH2 и GC(O)OH се глутамин и глутаминска киселина, соодветно) Други биохемиски улогиАспартатот е исто така метаболит во циклусот на уреата и учествува во гликонеогенезата. Тој пренесува редуцирачки еквиваленти во малатно-аспартатниот пренесувач, кој ја поттикнува меѓупретворбата на аспартатот и оксалацетатот (кој е оксидираниот, т.е. дехидрогениран дериват на јаболковата киселина, т.е. малат). Аспарагинската киселина дава еден азотен атом при биосинтезата на инозитолот, претходникот на пуринските бази. НевротрансмитерАспартатот ги стимулира NMDA рецепторите (рецептори за N-метил-D-аспарагинска киселина, што е хемиското име на глутаминската киселина). Тој е ексцитаторен невротрансмитер во мозокот и претставува ексцитотоксин. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia