Алифатично соединение![]() ![]() Алифатично соединение или алифатско соединение (од старогрчки: ἄλειφαρ, алифар = „масло“) — неароматични соединенија сочинети од јаглерод и водород. Можат да бидат заситени како хексанот или незаситени како хексенот и хексинот. Отвореноланчените соедненија, било да се прави или разгранети[1], кои не содржат никакви прстени секогаш се алифатични. Цикличните соединенија можат да бидат алифатични ако не се ароматични.[2] СтруктураОвие соединенија можат да бидат заситени, сврзани со единечни врски (алкани) или незаситени со двојни врски (алкени) или тројни врски (алкини). Доколку други елементи (хетероатоми) се сврзани во јаглеродниот ланец, од кои најчести се кислородот, азотот, сулфурот и хлорот, соединението повеќе не е јаглеводород, и затоа повеќе не е алифатично. Најмалку сложеното алифатично соеединение е метанот (CH4). СвојстваНајвеќето алифатични соединенија се запаливи, овозможувајќи ја употребата на јаглеводороди какоas гориво, како метанот во Бунзенови пламеници и течен природен гас (ТПГ) и етин (ацетилен) во заварувањето. Примери за алифатични соединенијаНајважните алифатични соединенија се:
Вани примери за нискомолекуларни алифатични соединенија се наведени во списокто подолу (подредени по бројот на јаглеродни атоми):
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia