Атанас Великов Атанасов
Атанас Великов Атанасов-Божанин (Тачо), (Петрич 1921 - Петрич, 1975) беше македонски борец, учесник во партизанското антифашистичко движење во Пиринска, во Егејска и во Вардарска Македонија. Бил партизан од јануари 1944 година во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ.[1] Со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 17 септември 1944 година во близина на селото Митрашинци - Беровско, на планината Плачковица е формирана 50та Македонско Народно Ослободителна Дивизија на НОВЈ во чиј состав влегле 4та, 13та и 14та МНОУБ. На истиот ден е формирана и 14та Македонска народноослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“, а во неа на позиција заменик командант од 23 април 1945 до крајот на војната, бил токму Атанас Атанасов.[2] Учествувал на сите три заседанија на АСНОМ. На Второто заседание ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава. 1949 година е уапсен од „Државна безбедност“ во Петрич по што поради своите македонски национални определби,[3][4] е обвинет дека бил агент на УДБА и агитирал за присоединувањето на Пиринска Македонија кон СР Македонија, односно кон тогашната федерација на СФРЈ.[1] Тој бил затворен и осуден од бугарските власти за време на Резолуцијата на Информбирото.[3][4] Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia