Атанас Калчев
Атанас Калчев (1883 - 1944) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација и контрачетник во текот на бугарската окупација на Вардарска Македонија во Втората светска војна. ЖивотописАтанас Калчев е роден околу 1883 година во Кавадарци, тогаш Османлиското Царство, денес Република Македонија. По убиството на српски полицаец влегува во четата на Михаил Шкартов. Од летото 1925 година бил војвода во Тиквеш заедно со Стојан Антов.[1] За време на Втората светска војна ја поддржува бугарската власт во Вардарска Македонија и ја формира Кавадаречката контрачета, која се бори против партизаните. Во 1943 година неговата контрачета го фатила свештеникот поп Шаќо, при што тој бил безмилосно тепан и измачуван за да ги каже неговите врски со партизаните.[2] Калчев бил убиен од комунистичките власти во 1944 година.[3] Иван Михајлов напишал за Калчев и Антов:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia