Натпреварувањето во оваа атлетска дисциплина ќе се одржи во четири нивоа во два дена. Во првото ниво учествуваат само оние атлетичари кои не успеале да дојдат до минимална олимписка норма[1]. Во второто ниво, четвртфиналето, пласираните натпреварувачи од квалификациите заедно со останатите атлетичари (со норма) се натпреваруваат во 5 групи од по 8 натпреварувачи, од кои најдобрите тројца од секоја група како и еден со најдобар резултат се пласираат во полуфиналето. Полуфиналето и финалето се одржуваат следниот ден. Во финалето се натпреваруваат 8 натпреварувачи.