Атлетика на Летните олимписки игри 2012 – 20 километри одење за мажи
20 километри брзо одење на Летните олимписки игри 2012 во Лондон се случило на 4 август на патека долж улиците во средишниот дел на Лондон.[1][2] Роберт Хефернан и Гжегорж Судол се наоѓале на почетокот во водство, но набрзо им се придружил и Јусуке Сузики. Како велосипедска трка, незапирливиот Сузики се одвоил од главната група. Сузики водел до ознаката 8 километри, но на крајот бил достигнат од групата предводена од Ванг Жен, следен од неговиот сонародник Чен Динг и Валериј Борчин. На половина од трката, водечката група броела дванаесет. Околу 11 километри пред крајот водечкиот Ванг направил чуден гест, раката ја префрлил преку главата кон групата зад него, неколку моменти подоцна Бертран Мулине се одвоил од групата, како Ванг го намалил темпото. Откако постигнал предност од седум секинди, групата го достигнале Мулине и го оставила зад нив, додека Чен го направил својот обид да се одвои од групата. Ванг, Борчин и Ерик Барондо, биле најсилните во групата, создавајќи група пд четворица. Неколку минути подоцна Владимир Канајкин, потоа Луис Фернандо Лопес успеал да се врати до водечките. Неколку моменти откако се придружил на водечката група, Лопес бил дисквалификуван. Канајкин исто така добил црвен картон неколку минути подоцна. Групата повторно останала на четворица, но повторно Чен го зголемил темпото, што условило на крајот Ванг да отпадне. Со последното ѕвоно Чен имал предност од 8 секунди пред Борчин, кој добивал опомени од судиите. Како Борчин се мачел, Ванг ги набљудувал преостанатите двајца натпреварувачи. Барондо забрзал и направил одредено растојание пред Ванг. Изморениот Борчин одел уште некое време, но потоа паднал на патеката. Третиот Кинез Зелин Кај силно забрзал и ги поминал сите кои заостанале на патеката и на крајот завршил четврти, за неверојатен резултат за Кинезите од 1-3-4. Чен бил поздравуван од толпата покрај патеката во последната кривина. Иако загубил значајно време на патеката, Чен поставил нов олимписки рекорд со 1:18:46. Кинезот Чен Динг го освоил златниот медал. Ерик Барондо од Гватемала го освоил сребрениот медал, а Ванг Жен, исто така од Кина, бронзениот. Сребрениот медал на Барондо бил првиот олимписки медал за Гватемала.[3] РаспоредСите времиња се според UTC+01:00
РекордиПред трката, постоечки светски и олимписки рекорд биле следниве.
РезултатНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia