Атлетско стапало
Атлетското стапало е честа габична инфекција, но не мора да сте спортист за да ја добиете. Оваа раздразнувачкатегоба најчесто се јавува кај мажите и момчињата,но доста е честа и кај жените и девојчината. Речиси сосема непозната во Стара Грција и Рим, кога луѓето оделе боси или носеле сандали, атлетското стапало е придружен елемент во општествата во кои најголем дел од жителите речиси постојано носат обувки. Симптоми
Обратете се на лекар
ПричинителиРазни видови габички кои го предизвикуваат заболувањето атлетско стапало припаѓаат на групата наречена дерматофити, а кои, исто така, предизвикуваат јадеж во пределот на ципите. Габичките се развиваат во затворена, топла и влажна околина и се хранат со кератин, белковина која се наоѓа во косата,ноктите и кожата. Атлетското стапало е лесно заразно заболување;може да се рашири со директен допир со инфекцијата и честичките на кожата останати на крпите за бришење, чевлите и на дното на туш кадите и околу базените. Иако со едењето со боси нозе под туш во салите за гимнастика или околу базените можете да ја зголемите можноста дека ќе добиете атлетско стапало, поголема е веројатноста дека инфекцијата ќе ја добиете од неменување на испотени чорапи или чевли. Опасноста од добивање атлетско стапало може, исто така, да зависи и од вашата чувствителност. На пример луѓето кои пиеле антибиотици две недели или подолго се наоѓаат во поголема опасност зашто тој лек не само што ја спречува инфекцијата, туку може да ги уништи и полезните бактерии што помагаат да не се рашират габичните фактори за атлетско стапало. ЛекувањеАтлетското стапало е неопходно да почнете да го лекувате по првиот знак на чешање на стапалата или црвенилото меѓу прстите на нозете. Поголем број од случаите на атлетско стапало може да се излекува со прашок против габички што може да го купите без лекарски рецепт и со одржување основна хигиена. Темелно мијте ги и бришете ги стапалата наутро и навечер, менувајте ги чорапите секојдневно и не носете исти челви секој ден.Секојдневно ставајте прашок против габички на стапалатаи во чевлите. Погрижете се стапалата да ви бидат изложени на воздух. Ако не можете да одите боси или да носите сандали , ностете памучни чорапи и чевли направени од природен материјал како што се кожата и ткаенините, а не од водоотпорни синтетички материјали. Ако не се лекува правилно и брзо, инфекцијата може да биде долготрајна. Дури и кога се лекува со лекови против габички, може да поминат повеќе недели пред да исчезне инфекцијата. Конвенционална медицинаВо случаите кога не се лекува атлетското стапало со дамшните видови лекување, лекарот, можеби ќе ви препише 1-процентна тербинафинска маст. Лекот е скап, но лекувањето со тербинафин може да доведе до целосно излекување за една недела. Лекарите препишуваат орални лекови против габички за атлетско стапало само кога лекувањето со лекови за површинска употреба е неуспешно, со оглед на тоа дека тоа лекување може да има придружени дејства, како што е отровно дејство врз црниот дроб. Типични орални лекови се кетоконазол и гризеофулвин. Истите можности за лекување се применуваат на атлетското стапало кое ги зафатило ноктите на нозете. Алтернативни начини на лекување-АроматерапијаЗа спречување на инфекцијата ставете 5 капки масло од мелалеука (Malaleuca spp.) во водата за капење. За да го намалите чешањето , обидете се, исто така, во топла бања да ставите 2 капки масло од нане (Menta piperita) и 4 капки од маслото од камилица (Matricaria recutita). Лекување со лековити билкиДржете ги стапалата по половина час во раствот о 5 лажички хидрастис ( Hidrastis Canadensis) на 0,5 литри вода;исто така можете да ставите на стапалата прашок од хидрастис или секојдневно вријте масло од мелалеука во зафатениот предел на стапалата. Пробајте и други бањи и масти од лековити билки,придружувајќи се кон упаствата на етикетата:се смета дека смирната ( Commiphora molmol) ги отстранува габичките;лавандата (Lavandula officinalis) може да го намали воспалението;кремот од невен ( Calendula officinalis) се препорачува за испукана кожа. ХомеопатијаЗа да се смири воспалението, пробајте препарат што можете да го набавите без лекарски рецепт и кој содржи невен. Професионален хомеопат можеби ќе ви препорача Graphites за состојба при која кожата се навлажнува. Лекување домаСтавете ги стапалата во топла,солена вода (1 лажичка сол на една чаша вода) 5 до 10 минути секој ден. Добро избришете ги стапалата, а потоа нанесете сода биракбона меѓу прстите нс нозете и ставете раствор од алуминиум хлорид кој можете да го набавите во аптека. Можеби повеќе ќе сакате да употребите прашок, крем или спреј протв габички кој можете да го купите не лекарски рецепт. Најделотворните производи содржат средства протв габички клотримазол или миконазол. Ако местото не е полно со меури или не е испукана кожата, отстранувајте ја изумрената кожа која се лупи со мека четкичка пред да го нанесете прашокот или маста за површинска употреба. Некинете ја кожата што се лупи;можете да ја излупите околната здрава кожа и да ја проширите инфекцијата. Употребувајте ист површински облик на лекување и за атлетското стапало на ноктите и нозете, но не очекувајте брзо дејство. Внимавајте ноктите да ви бидат исечени и исчистете ги осатоците, под инфицираните нокти и околу нив, со мазна дрвена чепкалка или чкорче, а не со турпија за нокти со која би можеле да се изгребете или да си ја излупите кожата. ПревенцијаПрофесорите во физичко воспитување, тренерите, училишниот медицински кадар или родителите биле на вистински пат кога ве терале во гардеробите околку базените да носите влечки. Но ние сега знаеме дека чувствутелноста на габичките е исто така толку важен фактор како и самото доаѓање во допир со нив. Ќе ја намалите опасноста, ако ги одржувате стапалата чисти, суви и напрашени со фунгицид кој може да го набавите без лекарски рецепт. Другите разумни мерки се:
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia