Онихомикоза![]()
Онихомикозата е состојба која се дефинира како габична инфекција на ноктите. Претставува најчеста болест на ноктите и сочинува 1/2 од абнормалностите на ноктот. Ги зафаќа подеднакво, и ноктите на стапалата и ноктите на рацете, но сепак е нешто почеста на ноктите на стапалата. 6-8% од популацијата страда од онихомикоза. Оваа болест не само што го деформира ноктот, но исто така може да ја оневозможи неговата функционалност, а и да биде причина за болка. Може да се шири од нокт на нокт, а ретко од рацете на ноктите. Бојата на ноктот зависи од типот на габата која го инфицира ноктот. Тој може да биде со бела боја, кафена, црна итн... Во крајните стадиуми ноктот може да стане мек и кршлив. Исто така може спонтано да се одвои од своето лежиште. Околната кожа исто така може да биде зафатена, во вид на црвенило, јадеж или пак може да биде отечена. Како причинители на онихомикозата често се споменуваат кандида и не-дерматофитични габички. Дерматофитите, кандидата и не-дерматофитичните габички се најчесто одговорни за онихомикозата. Kласификации на онихомикоза
![]() ТерапијаОнихомикозата често претставува потешкотија за третман. Постојат неколку третмани кои се користат. Лесните форми се третираат локално со противгабични креми, масти и раствори (циклопирокс раствор - 8% - 12месеци), додека потешките форми се лекуваат со системски противгабични лекови – на пример - тербинафин. Овој лек се зема 3 месеци во доза од 250мг на ден. Други лекови кои може да се употребуваат се итраконазол, во доза од 200мг двапати на ден една недела во месецот. Циклусот на земање на итраконазол се повторува двапати за ноктите на рацете и 3-4 пати за ноктите на нозете. Флуконазолот се покажал како помалку делотворен отколку претходните две споменати опции. Терапијата предложува дози од 150-450мг на недела во траење од 6-9 месеци. Овој вид на терапија има куративна стапка од 80%. Како и да е, потребно е да се знае дека ноктите растат споро. Некогаш се потребни и година дена за ноктот да порасне комплетно. Како ноктот продолжува да расте, со тек на време ќе го замени деформираниот нокт. Постојат и хируршки терапевтски пристапи. Но, сепак треба да се има предвид дека ова е болна процедура која треба да биде резервирана само за изолирани случаи, каде медикаментозниот третман е контраиндициран, или пак деформитетот на ноктот е преголем за да се третира со медикаменти. ПревенцијаПостојат неколку начини за превенција на онихомикозата. Одржување на суви и чисти стапала и раце се предуслов за спречување на разможување на габите. Доколку приметите појава на габично воспаление на ноктите, пожелно е да се јавите на лекар – дерматовенеролог, кој понатаму ќе ја третира состојбата. Извор
|
Portal di Ensiklopedia Dunia