Аудиометар![]() ![]() Аудиометар – мерен инструмент или уред за испитување на сетилото за слух. Ракувањето со уредот изискува познавање на постапката за испитување[1] Составни делови на аудиометаротАудиометарот најчесто се состои од следните делови:
АудиометријаАудиометрија е мерење на осетливоста на слухот. Постојат две главни методи: испитување со помош на чисти тонови и испитување со помош на говор. Со првиот метод се одредува најниската јачина на звукот која испитаникот ја чувствува за поедина честота. Се врши со помош на аудиометар, електроакустичен апарат кои произведува тонови на честоти до 12 kHz и со јачина до 120 dB. Графичкиот запис е крива, која во координатниот систем (честотата на апсцисата, а јачината на ординатата) ги изразува осетните прагови за поедините тонски висини и така ја покажува чујната осетливост, а се нарекува аудиограм. Со вториот метод се утврдува границата на примање на говор (на испитаникот му се претставуваат зборови со различна јачина сè додека не се најде онаа јачина на звукот при која испитаникот ги слуша и може да повтори половина од зборовите). Кај лица кои не можат свесно да учествуваат во проверката (на пример мали деца) се мерат промените на мозочните бранови и другите телесни одговори на звучна надразба.[2] АудиограмАудиограм е графички приказ на чујната осетливост за различни честоти на звукот.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia