Аценокумарол

Аценокумарол
Клинички податоци
Начин на
примена
Орално
ATC код
Законска регулација
Режим на издавање
  • UK: POM (само на рецепт)
Фармакокинетички податоци
Метаболизамцрнодробен
Полувреме на елиминација8 до 11 часа
Идентификатори
CAS Number
PubChem CID
ChemSpider
UNII
KEGG
ChEMBL
CompTox Dashboard (EPA)
ECHA InfoCard100.005.281 Уредете го ова на Википодатоците
Хемиски и физички особини
ФормулаC19H15NO6
Моларна маса353,326 g/mol
3D модел (JSmol)
  (провери)

Аценокумарол (трговско име Sintrom) е антикоагуланс кој дејствува како антагонист на витаминот К. Претставува дериват на кумаринот и припаѓа на групата 4-хидроксикумарини. Други супстанци од оваа група кои се користат како антикоагуланси се варфарин (трговско име Coumadin, Marevan) и фенпрокумон (трговско име Marcumar, Falithrom).

Во 2023, е четириесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 151.000 рецепти.[1]

Механизам на дејство

Аценокумаролот ја намалува склоноста кон згрутчување на крвта и формирање тромби (тромбоза) на начин што доведува до намалена продукција на факторите на коагулација кои се зависни од витамин К: II, VII, IX, X. Аценокумаролот ја спречува активноста на ензимите витамин К епоксид редуктаза и витамин К хинон редуктаза со што се инхибира претворање на витамин К во редуцирана форма. Редуциран витамин К е неопходен кофактор на ензимот гама глутамил карбоксилаза, кој има улога во карбоксилирање на следниве фактори на коагулација: II, VII, IX, X. Оваа модификација е неопходна за функција на факторите и овозможува врзување за калциум и фосфолипиди при одвивање на коагулацијата. Од овој процес, антикоагулационите белковина C (лат. це) и белковина S се исто така засегнати.

Примена

Аценокумарол е индициран за третман и превенција на болести кои се поврзани со патолошки зголемена тенденција за коагулација на крвта и како резултат на кои може да се формираат тромби. На пример:

  • атријална фибрилација
  • замена на срцеви залистоци (механички срцев залисток)
  • длабока венска тромбоза
  • белодробна емболија
  • тромбофилија (склоност кон формирање тромби)
  • антифофолипиден синдром

Контраиндикации

  • Позната преосетливост на активната состојка и сродните антикоагулантни лекови (кумарини)
  • бременост
  • гастроинтестинални улкуси
  • крварење во гастроинтестиналниот тракт, уринарниот тракт и респираторните органи
  • мозочно крварење
  • срцев излив
  • воспаление на внатрешната обвивка на срцето
  • тешка хипертензивна болест (висок крвен притисок)
  • тешко заболување на црниот дроб или бубрезите
  • зголемена тенденција за крварење (на пример после операција)

Опасно кај:

  • хипертироидизам (зголемена функција на штитната жлезда)
  • тумори
  • бубрежни заболувања
  • нарушена функција на црниот дроб
  • воспаление, инфекција
  • срцева инсуфициенција (срцева слабост)
  • епилепсија
  • постари пациенти

Интеракции

Интеракции се можни, меѓу другото, со следниве лекови:

  • лекови за гихт
  • различни хормони
  • антибиотици и сулфонамиди
  • лекови за срцеви аритмии
  • средство за дехидратација
  • лекови за дислипидемија
  • лекови за дијабетес мелитус
  • други антикоагуланси
  • лекови за болка и ревматизам
  • одредени лекови (вклучувајќи масти) против габични заболувања
  • лекови за епилепсија
  • апчиња за контрацепција
  • лекови за одредени болести на желудникот

Поради високата содржина на витамин К, свежиот зеленчук (спанаќ, зелка) може да го намали антикоагулантното дејство на аценокумаролот, што мора да се земе предвид кога се јаде храна со висока содржина на витамин К.

Дозирање

Аценокумарол се зема еднаш дневно. Неопходни се редовни лабораториски проверки за да се утврди способноста за згрутчување на крвта (коагуабилноста) и постојано прилагодување на дозата врз основа на добиените резултати.

Наводи

  1. „Извештаи“. Е-здравство. Посетено на 2024-02-26.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya