Аце СтојановскиАце Стојановски (Арачиново, 1965 – Арачиново, 10 февруари 2002) ― жртва на тероризмот на ОНА.[1] На 10 ноември 2002 година отворајќи ја влезната врата од куќата на неговиот брат во скопското село Арачиново, експлодирала монтирана мина на внатрешната страна од вратата, при што на лице место загинал Аце Стојановски, а неговиот шура бил тешко повреден. Пред и по убиството на Аце Стојановски не престана теророт врз Македонците во Арачиново. По војната продолжи уништувањето на куќите на македонските семејства. Довчерашни соседи влегувале и ги демолирале домовите, сите врати и прозорци се искршени, на ѕидовите било испишано „UÇK“ (УЧК/ОНА), дури и човечки измет имало среде собите.[2] Случај Аце СтојановскиИнцидентот во кој загина Стојановски се случи на 10 февруари 2002 година во околу 11 часот и 25 минути кога тој заедно со неговиот пријател дошле во куќата на братот на Стојановски за да проверат дали е се во ред. Во моментот кога Стојановски го отворал катанецот од вратата, монтираната експлозивна направа се активирала по што на лице место починал Стојановски, а неговиот пријател се здобил со теши повреди. За време на увидот полицијата открила уште една неактивирана бомба монтирана на прозорецот. Загинатиот Аце Стојановси бил авто механичар во ЈСП, зад себе ја оставил сопругата и двете малолетни деца. Арачиновци за својот сосед велат деа бил исклучително мирен и почитуван човек. Поради тоа што не можел да се врати во родното село, Стојановски со семејството живеел во Домот за самци „Рака Милановиќ“, заедно со други иселеници од кризните региони. Весникот „Нова Македонија“ прецизирал дека братот на загинатиот Аце е еден од сведоците на масакрот на полицајците што се случи на 11 јануари 2000 година на влезот од Арачиново, кога на влезот на селото било пукано во полициска патрола. Познато е дека В.С. покрај тоа што бил припадник на посебната единица, туку бил и еден од сведоците во судскиот процес за тројното убиство на неговите колеги полицајци Ацо Ангеловски, Кирил Петрушевски и Ерол Готак, што се случи на 11 јануари 2000 година. Тој бил првиот човек што се појавил на местото на злосторството, но на судењето тој не кажал ништо што би ги посочило шестмината обвинети за убиството.[3] РеакцииМинистерот за внатрешни работи, трагичниот настан во Арачиново го оквалификувало како „војна после војна“ и додало оти „тоа се методи со кои се служи Албанската национална армија“. „Настанот во Арачиново е војна после војна“, изјави тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, додавајќи дека „настанот покажа дека во Македонија има структури кои не го сакаат мирот“. „Тоа се методи со кои се служи АНА, која со своето дејствување покажува дека е дестабилизирачки фактор во Македонија“, рече Бошкоски. Во истиот ден, после дознавање на убиството на Аце Стојановски, пред македонското собрание протестрирале раселените Арачиновци кои прашале каде да се вратат ако куќите им ги минираат и кој е за доверба, а кој за етничко чистење. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia