А бре воденичаре
„А бре воденичаре“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Песната има двосмислен карактер, на страна од воочливите метафорички искази, во која што млада жена го моли насловниот воденичар да и го сомеле житото во неговата воденица. Воденичарот се колеба, дали затоа што не може да и помогне на жената, велејќи „воденицата вода ми нема“, или пак сака да изнуди нешто повеќе од неа. Од друга страна, можеби е жената таа која притаено се нуди, ветувајќи му се во замена за мелење на житото. Песната има јасен љубовен карактер. ОдликиАранжманот на сите изведувачи е во карактеристичен 9/8 такт, испеана е од многу различни артисти, од кои најпопуларни се соло изведбите на Петранка Костадинова[1] и Голубинка Јакимовска, додека забележливи се двата дуети на Александар Сариевски со Петранка Костадинова, и со Васка Илиева[2]. Понови изведувачи се Анета Мицевска и Сузана Гавазова.[3] Текст- А бре воденичаре, баш пријателе, - Воденицата вода ми нема, - Ајде воденичаре, баш пријателе, - Воденицата камен ми нема, - Ајде воденичаре, баш пријателе, - Воденицата вода ми нема, - Ајде воденичаре, баш пријателе, - Воденицата вода ми има, Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia