Македонски народни песни
Македонските народни песни се дел од македонската книжевност, македонскиот романтизам (преродбата) и фолклорната литература, претставувајќи дел од богатото фолклорно наследство на македонскиот народ. Народните песни потекнуваат од најдалечното минато, авторот е непознат (анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено. Народните песни се делат на „лирски“, „епски“ и „лирско-епски“. ПојаваИако постоењето на обредните песни укажува на тоа дека народната песна е многу стара, сепак не постојат никакви документи од кои може точно да се открие кога се појавиле првите македонски народни песни, ниту пак да се согледаат процутот и исчезнувањето на одделни видови и нивната замена со други видови песни. Најстарото пишано сведоштво за постоењето на народните песни на Јужните Словени потекнува од византискиот историчар Теофилакт Симократ, кој во 592 година запишал дека Словените свиреле на лири (гусли) при што се претпоставува дека свирењето било придружено со пеење, но не е познато каква била содржината на тие песни. Подоцна, писателите на црковните книги остро ги осудувале народните песни поради нивниот пагански карактер. На пример, епископот Константин Преславски во „Поучителното евангелие“ од 9 век предупредува на опасноста од „бесовските песни“ и „бесовското пеење“. И презвитерот Козма во неговата беседа против богомилите ги осудува оние кои „пијат вино со гусли, со танци и со бесовски песни...“, укажувајќи дека „многу луѓе повеќе трчаат по игри, отколку в црква и повеќе ги сакаат басните, отколку книгите.“[1] Мелографија
Колку што е познато, македонските народни песни првпат биле запишани во „Ерлангенскиот ракопис“ од 18 век, а првата македонска народна песна ја отпечатил Вук Караџиќ во неговата „Народна српска песмарица“ (1815 година). Во 1822 година, во неговото дело „Додатак Санктпетербургским сравнителним рјечницима свију језика и наречија са особитим огледима бугарског језика“ објавил уште 27 македонски народни песни од околината на Разлог, кои Караџиќ ги запишал во Виена. Првата печатена збирка со македонски народни песни со наслов „Народне песме Македонских Бугара“ ја објавил Стефан Верковиќ во 1860 година во Белград, а веќе следната година се појавил Зборникот на браќата Миладиновци.[2] Воопшто, македонските народни песни почнале поинтензивно да се запишуваат од средината на 19 век, во времето на Преродбата, а првите собирачи на народното творештво од тој период најчесто биле истражувачи од соседните народи, како што се: Вук Караџиќ од Србија, Стефан Верковиќ од Хрватска, Словенецот Станко Враз, Виктор Иванович Григорович од Русија итн. Под влијание и поттик на Григорович, во Македонија започнува Преродбата, па Димитар Миладинов се посветува на собирање народни умотворби, како и на отворање училишта и наоѓање приврзаници и наследници. Со макотрпна работа и со помош на брат му Константин Миладинов, во 1861 година успеваат да го објават Зборникот со народни песни. Освен браќата Миладиновци со собирачка дејност се занимавале и Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Ѓорѓија Пулевски, Јосиф Чешмеџиев, Александар Линин и др. Во периодот помеѓу двете светски војни, собирањето и објавувањето на македонски народни умотворби било тешка задача. По Балканските војни и Првата светска војна, Македонија била поделена помеѓу учесниците во војните: Србија, Бугарија и Грција, и со еден дел од етничката територија останувајќи во Албанија. Насекаде било забрането македонското име, а особено строго се казнувало запишување или афирмација на народните умотворби. Во деловите окупирани од Србија и Грција било забрането користењето на мајчиниот јазик, не само во институциите туку и во домашните услови. Затоа, каде што теророт бил најжесток, од овој период особено од егејскиот дел на Македонија не се зачувани записи од народни умотворби. Малкуте записи што постојат се примарно направени од иселеници, воглавно во европските земји.[3][4] Од овој период, изданија со македонски народни умотворби, иако со поголемиот дел од нив што хронолошки даваат јасни политички ставови и апетити кон своите матични намери, но кои заслужуваат внимание и се исклучително битни се:[3][4]
Списоци на македонски народни песни:
КласификацијаКласификацијата на народните песни е еден од најтешките фолклорни проблеми, а тоа произлегува од тематската разновидност, како и од карактерот, намената и употребата на песните. На пример, некои песни, според содржината се чисто љубовни, но бидејќи се пеат на свадбите, тие се вклучуваат и во групата на свадбарски песни. Или, меѓу обредните песни (лазарски, ѓурѓовденски итн.) има чисто љубовни песни, така што не е јасна нивната врска со обредот. Така, Стефан Верковиќ ги поделил песните според народните називи (велигденски, ѓурѓовденски, константиски, петровски, жетварски, аргатски, свадбени, лазарски и ороводни) без да ги наведе насловите на песните. Неговата поделба на песните според поводот и времето на нивното исполнување е слична на поделбата што ја применил Вук Караџиќ во неговите збирки со српски народни песни. На сличен начин е извршена и поделбата во Зборникот на браќата Миладиновци. Триесетина години подоцна, Кузман Шапкарев направил обид за поиздржана класификација, делејќи ги песните на четири групи, водејќи се од тогашната бугарска научна пракса. Оттука, во неговиот зборник, песните се поделени на: оддел 1 и 2 (самовилски, религиозни и обредни песни), оддел 3 (политички песни) и оддел 4 (песни од општествениот, семејниот иприватниот живот). Денес, народната поезија најчесто се дели на лирика и епика, следејќи ги принципите за поделбата на уметничката поезија при што лирската поезија е субјективна, додека епската е раскажувачка, објективна и описна. Исто така, стилот во епските песни е опширен, мирен, возвишен и свечен, со изедначен ритам, додека поетиката на лирските песни се одликува со многу повеќе варијации. Меѓутоа, во народните песни понекогаш е многу тешко да се направи ова разграничување на лирски и епски песни, зашто многу од песните се лирско-епски.[5] Лирски песниЛирските народни песни имаат највисоки естетски вредности во народната поезија. Тие најчесто биле изведувани од жени, па затоа се нарекуваат и женски песни. Сепак, и мажите, особено младите, биле автори и пејачи на многу лирски песни. Емоциите се основниот елемент, не опишувајќи ги настаните што ги придружуваат. Тоа се лични чувства на единката, радост или жалост, воодушевување или разочарување, љубов или омраза и други состојби што ги доживува човекот. Исто така, нивна одлика е и синкретичноста, поврзаноста со музиката и играта, но и со обредот и магијата и другите форми на човековиот живот. Спаѓаат во најстарите народни песни и во минатото повеќе биле поврзани со обредите, магијата или други слични дејства, но подоцна се одделиле од нив и продолжиле самостојно да опстојуваат. Ги карактеризира разновидноста на темите, од разните чувства на поединецот, до комплексните односи на човекот со околината, активностите поврзани со календарот и слично. Во нив се величаат човечките доблести, а се осудуваат човечките зла.[6] Притоа, во создавањето на овие песни учествувале различни социјални групи и со тоа се објаснува разновидноста во третирањето на одделни мотиви. Најчесто, лирските народни песни ги создавал селскиот свет. Градските лирски песни се од поново време и најчесто ги создавале занаетчиите, а во некои од нив има позајмени елементи и од уметничката поезија. Од почетокот на 19 век започнал процесот на мешањето на народните лирски песни создадени од овие две социјални групи.[7] Постојат повеќе видови лирски песни:[8][9]
Обредни песниОбредните песни се меѓу најстарите народни песни и имаат паганско потекло, но со текот на времето дошло до промени во нивната форма и содржина, т.е. до нивно врзување со христијанските празници и до преземање бројни елементи од Библијата и од хагиографската литература. Сепак, овие песни само делумно се христијанизирани и во нив сѐ уште се присутни паганските елементи. Тие се изведуваат само во определени денови, т.е. за време на христијанските празници (Божиќ, Велигден, Водици, Ѓурѓовден итн.), но во оваа група спаѓаат и песните кои се пеат при раѓање, крштевање или при умирање. Исто така, во оваа група спаѓаат и додолските песни. Во сите обредни песни со текот на времето се натрупале различни елементи: пагански, христијански и реалистично-новелистички.[10] Коледарски лирски песниКоледарските песни се меѓу најстарите обредни песни. Тие потекнуваат уште од паганското време (пред христијанството) и се пееле пред почетокот на новата година. Подоцна тие се поврзале со Христовото раѓање. Во нив се изразувале добри желби за здравје, среќа, бериќет, богатство, успех итн. Овие желби се искажувале од група коледари кои биле исклучиво мажи и кои ги импровизирале песните во зависност од ситуацијата. Песните имаат едноставна содржина и неразвиена мелодија (како скандирање, рецитирање). Коледарите на постарите им посакувале здравје, почит од децата и внуците; на невестите – машко дете; на момите – да се омажат за саканиот… Домаќинките, пак, фрлале пченица врз коледарите и ги дарувале со пари, овошје итн., во зависност од имотната положба. Песните го најавувале Божиќ, денот кога се празнувало Исусовото раѓање. Пример на коледарска песна: „Збирајте се дечиња“ Збирајте се дечиња Понекогаш коледарските песни имаат и хумористична содржина: „Добро утро стара бабо“ Добро утро стара бабо! Лазарски песниЛазарските песни се слични со коледарските, но се изведуваат од девојки накитени со венци од цвеќиња. Тие му припаѓаат на циклусот пролетни песни заедно со велигденските и ѓурѓовденските. Се пеат на Лазарова сабота, пред Велигден. Девојките и жените одат во група по улиците или домовите, ги пеат песните и бараат дарови. Најчести мотиви тука се љубовта и семејството. Особено нежни, лирски чувства среќаваме во песните наменети за децата: „Малечкоо, убоо, о Лазаре“ Малечкоо, убоо, о Лазаре! Додолски песниОсобено интересни се додолските песни, односно песните за повикување на дожд. Тука доаѓа до израз вербата во магиската моќ на зборовите и на самиот обред: „Дај ми, Боже, темен облак“ Дај ми, Боже, темен облак, Содржината на песната е едноставна и јасна. Во неа се бара дождот – спасител кој ќе го врзе плодот, кој ќе им овозможи на сиромашните да преживеат. Песни за раѓањето, стапувањето во брак и смрттаПосебно значајно место во обредните песни заземаат песните поврзани со раѓањето, стапувањето во брак и смртта. За раѓањето нема многу песни, а и тие најчесто се црковни поврзани со ритуалот на крштевањето. Најбројни се свадбарските песни. Според тематските одлики и обичаите поврзани со нив се издвојуваат песни што се пеат пред свадбата, за време на свадбата и по неа. Моментот на разделбата на девојката од семејството е проследен со многу совети како таа да се однесува во новиот дом, но во следната песна е потенцирано дека новите роднини никогаш не ќе можат да ги заменат вистинските родители: „Прости ми, прости, еј мили татко“ Прости ми, прости, еј мили татко, Митолошки песниМитолошките песни се создавани во паганскиот период, пред христијанизирањето. Словените имале своја митологија, свои богови и разни митолошки суштества, но за жал таа не е доволно проучена, па затоа се смета дека не е доволно развиена како старогрчката, римската или германската. Митолошките песни се однесуваат на разни пагански или христијански ликови, на небесните тела и природните појави, на разни измислени животни и суштества (самовили, змејови, наречници итн.), на претворање на луѓето во животни и обратно итн. На почетокот, тие биле лирски песни, еден вид мали поеми, но подоцна во нив се внесувале описи и повести, така што некои од нив добиле лирско-епска или епска форма. Според сижето и техниката, митолошките песни најчесто се балади, драматски раскази за необични настани и личности. Според формата и според изразите, тие се помлади од обредните песни, но често се испреплетуваат со нив.[11] Во митолошките песни, често се среќаваат: самовили, змејови, ламји, русалки и други суштества кои биле олицетворение на природните појави. Овие песни се сведоштво на креативниот дух на непросветениот човек од минатото кој се обидувал да си ги објасни сите природни појави, болести, несреќи и судбини. Суштествата често имаат човечки облик, како на пример, самовилите кои се прекрасни девојки кои живееле по високите планини, под облаците. Тие често се среќавале со овчарите, па дури и станувале нивни невести. Во следнава песна е претставен немирниот дух на една самовила: „Самовила и свекрва је“ Самовила оро вила, Самовилата во оваа песна ги има сите човечки особини, но неодговорноста ја прави нечовечна. Таа оставила друг да се грижи за нејзиниот син, а таа се забавува и продолжува со моминскиот живот несвојствен за мајките. Болестите биле чести непријатели на луѓето во минатото. Ужасните епидемии кои покосувале голем број животи често биле претставувани како стари баби. Чумата која завладеала во Скопје е претставена како стара, грда баба во песната: „Ќе те питам, бабо“ Ќе те питам, бабо, да ми кажеш, Религиски песниКај религиските песни главни ликови се христијанските божества и светци. Во овие песни често се среќава врската на митологијата со христијанството, на пример песните со Св. Ѓорѓија со ламјата, Богородица со самовилите итн. Карактеристично за овие песни е тоа што се пореалистични и затоа, ликовите, иако се Библиски, имаат човечки особини и се занимаваат со вообичаени дејности. Св. Никола е многу омилен лик и се среќава како старец со бела брада кој се занимава со градење, земјоделие итн: „Свети Никола гради цркви“ Цркви гради стар свети Никола Трудови песниТрудовите песни најчесто се поврзани со полските работи, а често се поврзани со определени обреди чија намена била да се зголеми земјоделскиот род. Во оваа група спаѓаат жетварските, овчарските, аргатските и печалбарските песни, како и песните што се пеат при другите работи, како ткаење, гроздобер итн. Подоцна, со појавата на занаетите се појавиле песни поврзани со разните занаетчиски дејности.[12] Жетварски песниВо групата на трудовите песни, најмногубројни се жетварските. Во нив е претставен македонскиот трудољубив човек, кој жетвата ја сметал за празник, иако е најтешкиот дел од работата, која се вршела без времетраење, на жешко сонце, со особен напор. Истакнат е натпреварувачкиот дух во кој рамноправно учествувала и жената. Македонската жена, не само тука, туку и во сите други песни е прикажана како силна, цврста, издржлива, па дури и како победничка во жетварските натпревари. Таа рамноправно работи на нива, жнее, копа, ора, а истовремено раѓа и се грижи за децата и домот. Иако секаде е потенциран патријархалниот дух, почитта кон главата на семејството, сепак јасно се гледа дека жената е столбот на семејството. Трудовите песни се често проткаени со љубовни мотиви. Способната, силна, ведра, здрава селска жена е вистински мајстор во жнеењето и предизвикувач на натпреварот. Таа се обложува: Извадок од Зборник на Миладиновци/ „657 песна“ – Ако тебе ја наджнијам, И многу повеќе: жената си дава слобода да ги изрази своите чувства, да го избере самата својот љубен, и да го каже најважното: дека за неа љубовта е пред материјалните богатства. Аргатски песниПосебен вид трудови песни се аргатските. Аргатувањето, работењето на туѓ имот била честа дејност на сиромашниот Македонец. И тука учествувале и мажите и жените. Чести се и овчарските песни, но посебно тажен, елегичен тон имаат печалбарските песни кои во Македонија се создаваат до ден-денес. Во нив се потенцира неизживеаната младост; оставањето на младата невеста и на уште нероденото дете; тешкиот живот во туѓина; долгогодишното отсуство; честата смрт од напорната работа или лошите услови; тажните носталгични чувства итн. Печалбарски песниПечалбарството е неисцрпен мотив, забележителна во македонската историја. Во минатото за корка леб, денес за поубав живот, Македонецот често се решава да ја напушти својата татковина. Првичниот поттик за тој чекор илјадапати ќе го преколне, ќе ја жали својата судба, но татковината не ќе може да ја преболи. Каде и да е, тој вечно жали по своето огниште: „Зошто си ме мајко родила“ Зошто си ме мајко родила, леле ле Дење, ноќе одам скитам јас, леле леле Херој биди мила мајко ти, леле ле Синот се прашува зошто воопшто е роден кога цел живот мора да биде одвоен од семејството, да печали, да ги враќа долговите. Тој пее и игра, но скришно тагува по својот роден крај, каде никогаш нема да се врати. Овие песни се испеани со многу тажни тонови. Во следната песна, девојката ја проколнува туѓината, зошто нејзиниот сакан таму си ја пронашол среќата: „Туѓината пуста да остане“ Туѓината пуста да остане Ќе ги прашам млади печалбари На трета година писмо прати Не се враќа друга си заљуби Љубовни песниЉубовните песни се најбројни лирски народни песни и се одликуваат со широка и разбновидна тематика: заљубување, пречки за љубовта, среќна или несреќна љубов, љубов од сметка, неверност, отфрлена љубов, грабнување на саканата итн. Чисто љубовните песни обично се кратки, без опис на настани, а подолгите песни се романси во кои се менуваат чувствата и расположенијата, со мирен и одмерен стил во развивањето на темата и без трагичен крај, иако можат да имаат драмски моменти. Меѓу љубовните песни има и балади чија основна концепција е драмска, дејствието е напнато и со непредвидени пресврти, а редовно имаат трагичен крај.[13] Љубовта прикажана во македонската народна песна е чиста, искрена, двострана, копнежлива, страстна, доживотна. Има песни во кои се изразува љубомората, зависта, пресметливоста, но тие се во многу помал број. Особено е истакната првата љубов која се почитува до гроб, и верноста како морална одлика на македонскиот народ. Дадената заклетва мора да се почитува, а неразделната љубов е најчест мотив. Кога младите мора да се разделат, тоа никогаш не потекнува од нив туку од некој друг (родителите, маќеата, завидливите роднини, лицемерните пријатели или смртта). На едноставен, но многу силен начин е претставена невозвратената љубов во следната песна: „Нели ти стига“ Откако те млада заљубив Нели ти стига мојата младост Се што имав, се ти подарив, Кажи ми, кажи кој те милува, Со сличен мотив, неостварена љубов и тага за изминатата младост е и песната: „Ајде дали знаеш паметиш Милице“ Ајде дали знаеш паметиш Милице Ај кога се двајцата љубевме Милице Ај кај шарените цвеќиња Милице Ај на градите ти паѓаше Милице Ај тогаш ти лице целував Милице Ај на срце оган ти гореше Милице Љубовните песни често се поврзани со градскиот живот, оттаму и Староградските песни, како што е песната: „На Струга дуќан да имам“ Што ми е мило ем драго На Струга дуќан да имам На кепенците да седам Струшките моми да гледам Песната е весела, разиграна, но стихот: срцево ми го изгоре, ја покажува силната љубов и страст што ја чувствува момчето, секојдневно чекајќи да помине неговата сакана крај него. Во љубовните песни, освен љубовта меѓу младите, може да биде прикажана и мајчината љубов. Најубав пример за тоа е познатата песна: „Распукала Шар Планина“ Распукала, распукала Шар Планина, Први овчар, први овчар и се моли, Втори овчар, втори овчар и се моли, Трети овчар, трети овчар и се моли, Жена жали, жена жали ден допладне, Во песната, со градација е претставена љубовта на мајката која жали по своето дете целиот живот. Семејни песниСемејните песни обработуваат широк круг мотиви од секојдневниот живот и од односите меѓу членовите на семејството. Особено се бројни песните за односите меѓу невестата и свекрвата (свекорот), деверот, золвата итн. Овие песни се пеат во разни прилики и на разни места.[14] Песни за децаПесните за деца се едноставни, куси песнички, често брзозборки кои имаат образовна содржина (да поучат). Тука спаѓаат приспивните песни, песните за животните и растенијата, залагалките, бројалките итн. Приспивните и детските песни не се многу застапени во македонската народна поезија. Тематиката на детските песни е поврзана со детските игри, а со нив децата се запознаваат и со некои основни поими: броење, изговор на некои гласови, својствата на домашните животни итн. Некои од нив ги пеат самиет деца, а други ги пеат нивните блиски (мајката, бабата итн.). Приспивните песни имаат многу разновидна тематика, тие се постари и во нив се изразуваат добри желби за иднината на детето. Нивниот ритам одгвовара на нишањето, а мелодијата е монотона со цел да се успие детето.[15] Хумористични песниШегобијните и сатиричните песни спаѓаат во помладите народни песни, најверојатно од периодот на родовото општество. На почетокот, смеата и сатирата биле насочени кон неспособните луѓе, а подоцна против класната нееднаквост. Основната цел им е да насмеат, па затоа во народот се нарекуваат „смешни“ песни. Предмет на исмејувањето се разни човечки недостатоци и слабости, но како ликови се јавуваат одредени животни кои алегориски ги прикажуваат човечките својства. Сепак, главната намена на овие песни е смеата, а не поуката.[16] Смилата за шега јасно се огледа во македонските хумористични песни, како на пример во следнава: „Зајко младоженец“ Сторил ниет зајко, зајко да се жени Ми ожеил зајко лиса удовица Рефрен: Се накити лиса, лиса удовица, Па си летнал зајко, зајко да ми бега, Родољубиви песниРодољубивите песни се најмладиот вид народни песни, кои ги искажуваат стремежите за слобода, а поврзани се со настаните и ликовите од Илинденскиот период и од Народноослободителната борба.[17] Тажачки песниТажачките песни или тажаленките се песни кои се пеат само на погреби. Епски песниМакедонските епски народни песни можат да се поделат во две основни групи: во првата, постарата, се опишуваат неверојатни настани и ликови поврзани со митолошките и христијанските легенди, додека втората група ја сочинуваат борбените народни песни. Песните од првата група имаат митолошка и христијанска тематика со моралистичко-религиозна тенденција. Во митолошките песни често се застапени измислените суштества, како самовилои, змејови, чуми итн., при што некои мотиви во овие песни се позајмени од туѓите митологии, додека христијанските мотиви се преземени од Библијата и од средновековната црковна литература. Тематиката во овие песни е блиска на онаа во лирските митолошки и обредни песни. Најпосле, во оваа општа група можат да се сместат и епските песни за разни семејни и општествени настани кои се непознати во историјата.[18] Втората група, борбени епски песни, е далеку побројна во македонската народна епика, а главниот мотив во овие песни е борбата на народот или на поединците против разни непријатели – од османлиските поробувачи до фашистичките окупатори за време на Втората светска војна. Јуначките песни се најстарите борбени епски песни и тие се одликуваат со богата и разновидна содржина, а основата најчесто ја сочинуваат делата на средновековните јунаци. Оттука, овие песни имаат некои феудални белези (дворците, гозбите, оружјето итн.). Освен за борбените подвизи на главните ликови, во јуначките песни се пее и за нивните свадби, кумства и други семејни настани. И ајдутските песни имаат централно место во македонската народна епика, а нивниот основен мотив е заштитата на народот од турските поробувачи. Во овие песни се опеани победите, но и неуспесите на ајдуците, причините поради кои станале ајдуци, мачењето на ајдуците, нивната смрт, предавствата итн. Карактеристично за овие борбени песни е тоа што во нив се појавуваат и женски главни ликови (Сирма војвода, Румена војвода, Бојана војвода итн.). Во 1880-тите се појавиле револуционерните народни песни, поврзани со организираната борба против турското ропство. Овие песни се надоврзуваат на јуначките и на ајдутските песни, користејќи го нивното сиже и поетика, но во нив се застапени нови пароли и идеи (поимите за слободата, за татковината итн.). Исто така, овие песни се разликуваат од јуначките и од ајдутските по тоа што во нив не е потенцирана идеализацијата, така што тие се пореални, а описите на ликовите се попластични и полирски. Во некои револуционерни песни е присутно и литературното влијание. Најновите револуционерни песни потекнуваат од Втората светска војна, а најчестите мотиви во нив се: борбата против непријателот, разделбата со блиските, ранувањето или смртта во борбата. Често, во овие песни се преземени старите мотиви и содржини од ајдутските песни, само со мало приспособување, но во некои песни, старите мотиви добиваат сосема нова содржина.[19] Основен мотив во македонските епски песни е љубовта кон татковината и величање на јунаштината на историски познати и непознати личности. Идеализацијата на јунакот е главната цел во песните. Епските песни се одликуваат со богата идејна содржина, а жанровски се разликуваат како:
Јуначки епски песниЈуначкиот епос започнал да се развива кон крајот на XIV век во времето на потпаѓањето на македонскиот народ под турска власт. Немајќи друг начин за одбрана, се јавува „народниот пејач“, кој го идеализира македонскиот јунак, давајќи му божествена сила, а исмевајќи го и омаловажувајќи го непријателот. Централен лик во македонскиот епос е Марко Крале, но се јавуваат и други јунаци: Момчило војвода, Болен Дојчин, Јанкула војвода, Секула Детенце итн. Одлики на јуначките епски песни се:
Крале Марко во македонските епски песниЦентрален лик во македонските јуначки песни е Марко Крале. Според историските податоци тој е роден 1335 година, а по смртта на татко му, кралот Волкашин, тој продолжил да владее со Западна Македонија. Неговата престолнина бил градот Прилеп. Имал двајца браќа – Андреја и Димитрија и една сестра – Милица. Се оженил за ќерката на Радослав Хлапен, Елена, но подоцна ја напуштил поради нејзиниот неморал. Како турски вазал учествувал во битката против влашкиот војвода Мирче и борејќи се од страна на султанот Бајазит, загинал кај Ровина, близу Крајова 1394 година. Само од овие толку обични детали од животот на Марко „народниот пејач“ направил неповторлив јунак. Со сигурност не се знае зошто, но се претпоставува дека е заради неговиот заштитнички однос кон населението и заради неговата физиономија. Поетската биографија на Марко Крале е сочинета од:
Подеднакво внимание, „народниот пејач“ му посветува и на антагонистот – Црна Арапина. Тој е типизиран лик кој се јавува во двобоите со сите македонски јунаци (Марко Крале, Момчило Војвода, Болен Дојчин). Тој го претставува злото, па затоа епитетот црн сраснал со неговото име. Во описите е хиперболизиран (во негативна конотација) и всушност претставува олицетворение на Османлиите – арачлии кои собирале големи даноци од сиромашниот македонски народ: „Марко Крале ја одменува свадбарината“ Едно утро Марко ми подранил Ништо Марко среќа не го срети, Тога рече Косовка девојка: Тога бара Марко во пазува, Одговори Косовка девојка: – Арапине наши господине, Тогаш рече црна Арапина: Право трга Арапу на чадор. Тога рече црна Арапина: Тога бара Марко во пазуви, Тога рече црна Арапина: Пак извади Марко Кралевиќе, Пак се пушти по триесет стражари, Крале Марко во оваа песна е праведникот кој е на страната на сиромашното население што не може да го плати големиот данок за свадбарина. Тој не се помирува со лошата судбина на луѓето и не може да дозволи тие цел живот да страдаат заради алчноста на Арапинот. Тој не е лично засегнат, но болката на другите не го остава рамнодушен. Ликот на Марко е хиперболизиран. Кога се приближува до шаторот на црната Арапина, неговите стражари се престрашуваат од појавата на коњ, од кого летаат искри и секавици, облечен во кожув од мечка, на главата со калпак од волк и со големи мустаќи кои изгледаат како полугодишно јагне. Во двобојот со Црна Арапина тој е надмоќен и со цинизам забележува: „Ал се смееш, ал вистина маваш, ал од кожув правот ми го тресеш?“, а потоа со леснотија го убива пресекувајќи му ја главата. Дејството во песната е претставено преку дијалошка форма, а стиховите се десетерци, типични за македонскиот јуначки епос. Болен Дојчин во македонската епска песнаГолем јунак во македонската народна епска песна е и Болен Дојчин, мотив често обработуван и во современата литература (песни, драми). Дојчин не е историска личност (барем нема податоци за реалната личност), тој е измислен лик, плод на народната фантазија. Антагонистот е повторно – Црна Арапина. Дојчин, со своите тројца побратими во минатото имал многу јуначки потфати, но последните девет години тој е паднат болен. Него го чува и негува сестра му Ангелина (во некои варијанти на песната таа му е жена). Тој ја очекува смртта, но не може да умре додека не му се освети на Црна Арапина, заради неговите страдања, но и заради страдањата на неговиот народ. Конечен повод да стане од смртната постела е недоличното однесување на Арапинот кој ја побарал сестра му за една вечер во неговиот шатор. Но, тој нема да му се освети само нему туку и на побратимите кои ја искористиле неговата немоќ и кои исто така сакаат да ја имаат Ангелина за себе. Така, Дојчин налик на Дон Кихот, превиткан во триста лакти платно, со долга коса и брада, слаб и восочен во лицето, со непоткован коњ и ненаострена сабја, оди и го завршува својот подвиг – ги убива сите, а се враќа со наденатата глава на Арапинот на кол, по што легнува во својата постела и спокојно умира. Во песната се карактеристични епските повторувања со што се постигнува епската широчина и се забавува дејството. Дијалогот и тука е присутен и тоа меѓу Дојчин и Ангелина. Ликовите се хиперболизирани – Арапинот со негативни својства, а Дојчин со позитивни. Стиховите се десетерци како што е вообичаено во ваквите епски песни: „Болен Дојчин“ Попаднала црна Арапина, Ајдутски епски песниАјдутските народни епски песни ја опеваат борбата на храбрите ајдути за ослободување на својот народ. Тие често се повлекуваат во шумите, откажувајќи се на тој начин од својот приватен живот и посветувајќи и се на татковината. Ликовите на ајдутите се пореални, не се хиперболизирани како на претходните јунаци. Во нив најчесто е претставен јунакот кој се жени со татковината (всушност го дава својот живот за неа). Централен лик во овие епски песни е Гоце Делчев за кого „народниот пејач“ испеал многу песни. Меѓу најпознатите вакви песни се „Болен ми лежи Миле Поп Орданов“ и „Слушам кај шумат шумите“: „Болен ми лежи Миле Поп Орданов“ Болен ми лежи Миле Поп Орданов х2 Стани ми, стани, мое мило чедо, х2 Бог да го прости Миле Поп Орданов, х2 Неговите сестри во црно облечени, х2 Неговата мајка во црно облечена, х2 „Слушам кај шумат шумите“ Слушам кај шумат шумите,буките 2х Другари верни другари Македонци Со коњи да не тропате,тропате 2х Да не ве чуе мајка ми старата 2х Каде е син ми Костадин,Костадин 2х Син ти се мајко ожени,ожени 2х Партизански епски песниНајнови епски песни се партизанските од времето на Втората светска војна. Традицијата во творењето во стилот на народното творештво трае до денес, но новите народни песни многу се разликуваат од претходните. Тие се пред се авторски (од познат автор) и не претрпуваат измени, ниту поправки со текот на времето. Лирско-епски песниВо македонската народна поезија, освен лирски и епски, постојат и лирско-епски песни. Лирско-епски се оние песни во кои се испреплетуваат лирските и епските елементи, односно, лирски се мотивите и експресијата, а композицијата и строежот – епски. Во народните песни често се среќава преплетување на лирските и епските елементи. Обично се среќава во митолошките, тажачките и ајдутските песни, но како посебни видови се јавуваат: Народна баладаНародната балада има епска сижетна основа, ликови на натприродни суштества (самовили, змејови, наречници), но е проникната со лирски, силни чувства и драматизам. Во неа се испреплетени фантастични и реални елементи, а најчесто завршуваат трагично. Народна романсаЗа разлика од баладата, романсата е со поведра содржина и никогаш не завршува трагично. Романсите најчесто имаат љубовна содржина, а лирскиот драматизам предизвикува и ненадејно менување на емоционалното расположение. Таков е случајот со познатата романса: „Учи ме мајко, карај ме“ Еееј, учи ме мајко карај ме Учам те синко карам те Послуша Стојан мајка си Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia