Багрем![]() Багремот (Robinia pseudoacacia) е листопадно дрво кое припаѓа на родот Robinia. Потекнува од југоисточниот дел на САД, но опсегот на овој вид е проширен во Северна Америка, Европа и Азија. Во некои области се смета за инвазивен вид. Опис на растениетоКоренот е добро развиен. Едно дрво може да порасне до 25м, а пречникот на гранките на дрвото може да биде до 50м. Кората е темно кафеава и избраздена. Ластарите се долги и грмушести, црвеникаво-кафеави, мазни и сјајни и рамномерно ребрести. На нив има парови спирално наредени триаголни трња, кои се големи, силни и зашилени. Помеѓу двата трна има пупки кои се така заштитени. Крошната на дрвото е воздушеста, кружна или долгнавеста во форма. Листовите се чудно шилести и се состојат од 9-12 елипсовидни листови, 2-6 см.долги и 1-3см широки на 1-4 долги ливчиња. Самиот лист е долг 10-30см. Цветовите во групи од 15 до 20 формираат висечки групирани соцветија долги до 20 см. Убаво мирисаат и медоносни се. Цвета од април (ако времето е потопло) до мај или јуни.[1] Плодот е сплескана и гола мешунка со темно кафеава боја, долга преку 10см и широка скоро 2см.[2] . Стебленцето на плодот е кратко. Во мешунката има 4-10 семиња. Семето е во облик на бубрег, должина од 2-3см, темно кафеаво и може да има дамки, со тврдо семе кое тешко продира за ртење. ПовршинаВо Северна Америка расте во Пенсилванија, во Апалачките планини до северна Џорџија, во јужен Илиноис, југозападна Индијана и Арканзас. За прв пат бил донесен во Европа во Франција на почетокот на 17 век.[2] .Доста е распространет и во Македонија. ВажностБагремот е многу важен за пчеларството, бидејќи пчелите создаваат ран мед со собирање полен од неговите миризливи цветови. Багремовиот мед е еден од најценетите видови на мед.[3] Ниските гранки и ластарите од багремот се омилена храна на козите. Сувиот лист од багрем се користи како храна за помалите домашни животни (овци, кози), во зима. Како технички материјал се користи багремовото дрво, најчесто за изработка на огради, но за изработка на покривни конструкции и колци (столбови) за перголи, при одгледување овошни насади, малини и капини. Во градежништвото се користи и за правење паркет кој има убава жолта боја. Багремот е исто така многу квалитетно огревно дрво. ОдгледувањеСе приспособува на секаков вид на земјиште, па со овој тип на дрва се пошумуваат површини, како што се песочник и поројни подрачја, но и голи површини. Има чести и разновидни намени во хортикултурата, на пример за дрвореди или жива ограда.
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia