Соцветие![]() ![]() Соцветие[1][2] — група цветови на заедничка оска. Биолошкото значење на соцветието е што групирањето на цветовите го олеснува опрашувањето бидејќи инсектите посетуваат повеќе цветови за кратко време кога се групирани и полесно се забележуваат во лисјата. Исто така, соцветијата со многу мали цветови полесно се придвижуваат со воздух, што е важно за растенијата кои се опрашуваат со ветер. Заедничката оска е вретено на соцветието, кое може да се разгранува: Во зависност од тоа како вретеното се разгранува, се разликуваат два основни вида на соцветија: Рацемозни (гроздести) соцветија
Вретеното на овие соцветија се разгранува моноподијално, така што оската долго расте, а од неа се образуваат странични гранки со цветови, па дури на крајот на нејзиниот врв се развива цвет. Најмладиот цвет е секогаш оној на врвот на вретеното. Видови на рацемозни соцветија се:
Цимозни (чаталести) соцветија
Вретеното се разгранува симподијално така што многу рано завршува со својот раст со донесување цвет, па под него се развиваат една или повеќе странични гранки. Така цветот од првата оска е најстар. Во зависност од тоа колку странични оски (една, две или повеќе) се образуваат по првата, се разликуваат три вида на овие соцветија:
Галерија
НаводиЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia