Бад Гандерсхајм
Бад Гандерсхајм (германски: Bad Gandersheim) — град во округот Нортхајм, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот поседува многу зачувани фахверк куќи и се наоѓа на „германскиот фахверк пат“. Во близина на градот се наоѓа истоимениот аеродром. ГеографијаМестоположбаГрадот Бад Гандерсхам се наоѓа помеѓу Лајнското Средногорје, Везер и подножјето на Харц во долина на реката Ганде, која се влева во Етерна. На север се наоѓаат ридовите Хебер. Градското подрачје е претежно ридско. Околу десет километри источно од градот почнува Харц. Градски единициБад Гандерсхајм се состои од следниве градски единици:
ИсторијаГрадот потекнува од 852 година, кога била создадена Опатијата Гандерсхајм во соседниот Брунсхаузен од Лиудолф, војвода на Саксонија, и неговата жена Ода. Првата опатиска црква (германски: Stiftskirche) во градот започнала да се гради во 856 година. Во 990 година, опатијата добила пазарни и даночни права. Во текот на X век, Гандерсхајм бил еден од најважните градови во Саксонија; првиот германски поет Хросвит живеел и работел тука до 973 година. Во 1159 година, Гандерсхајм бил првпат споменат како град. Кога бил откриен минералниот извор во 1240 година, папата Григориј IX поттикнал изградба на болница на Светиот Дух. Околу 1330 година, војводите од Брауншвајг изградиле замок како секуларна спротивност на опатиската црква. Денес, замокот служи како суд и затвор за младинци. Кон крајот на XIX век, градот започнал да станува познат по лековитите моќи на изворите и во 1932 година, Гандерсхајм го добил службеното право да се нарекува самиот „бањски град“, па така станал Бад Гандерсхајм. Во летото 1926 година се одржала тридневна прослава во чест на 1000-годишнината на градот. Во текот на Втората светска војна, од октомври 1944 година до април 1945 година, градот бил место на подкамп на концетрацискиот логор Бухенвалд. Во 1952 година, градот го прославил 1100-годишниот јубилеј од основањето на манастирот од Лиудолф. Градоначалници
Збратимени градовиБад Гандерсхајм е збратимен со следниве градови: Личности
Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia