Бад Ротенфелде
Бад Ротенфелде (до 1905 година: Ротенфелде; германски: Bad Rothenfelde) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Местото е признато одморалиште и лековита бања. Местото е сместено на Тевтобуршката Шума, околу 20 километри југоисточно од безокружниот град Оснабрик, помеѓу Хилтер на Тевтобуршката Шума и Дисен на Тевтобуршката Шума. ГеографијаМестоположбаБад Ротенфелде се наоѓа неколку километри јужно од Тевтобуршката Шума на премин кон Источна Вестфалија и во триаголникот на градовите Билефелд, Минстер и Оснабрик. Највисока точка е „Клајне Берге“ (208 метри; Kleine Berg). Општински единициКон Бад Ротенфелде припаѓаат местата Ашендорф и Штранг. Соседни општиниБад Ротенфелде на запад се граничи со Бад Лар, на север со Хилтер на Тевтобуршката Шума, на исток со Дисен на Тевтобуршката Шума, додека на југ со градот Ферсмолд во округот Гитерсло (Северна Рајна-Вестфалија). Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia