Берзенбрик
Берзенбрик (германски: Bersenbrück; долногермански: Bessenbrügge) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 30 километри северно од безокружниот град Оснабрик. Градот претставува административно седиште на истоимената општинската заедница. ГеографијаМестоположбаБерзенбрик се наоѓа помеѓу ридските масиви Анкумер Хее и Дамер Берге на реката Хазе. Градски единициГрадот е составен од следниве единици:
КлимаГрадот е под влијание на мешана морска клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море. Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 23 избрани членови од три различни партии. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.
ГрадоначалникОд 2013 година, градоначалник на Берзенбрик е Кристијан Клич (CDU).
Збратимени градовиБерзенбрик е збратимен со следниве градови: Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia