Базилика Свети Павле надвор од ѕидините
Базиликата Свети Павле надвор од ѕидините (италијански: Basilica Papale di San Paolo fuori le Mura) е една од четирите патријархални римски базилики, заедно со уште Свети Јован Латерански, Свети Петар и базиликата „Голема Богородица“. Самата базилика се наоѓа во градот Рим, Италија, надвор од границите на Аурелиските ѕидини, од каде и доаѓа називот надвор од ѕидините. И покрај тоа што базиликата се наоѓа надвор од границите на Ватикан, сепак според Латеранскиот договор, базиликата поседува посебен екстериторијален статус во сопственост на Светата престолнина. Изградбата на базиликата започнала во времето на Константин Велики, на местото на гробот на Свети Павле. Подоцна, на местото на истата базилика во 386 година била изградена поголема базилика. Според мозаикот во базиликата, Теодосиј I ја започнал нејзината изградба, Хонориј ја завршил, а во времето на папа Лав I била реновирена и обновена. Во времето кога била изградена, христијанскиот објект бил поголем од базиликата Свети Петар, како и позначаен во римокатоличкиот свет. Во 1823 година објектот бил зафатен од голем пожар, а во 1845 година, истата била обновена. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia