Балканска Федерација (весник)
„Балканска федерација“ (француски: La Fédération balkanique) бил весник на комунистичките партии од балканските земји (Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија и Хрватска). Излегувал од 15 јули 1924 до февруари 1932 година. Прво излегувал во Виена, а потоа од мај 1931 до февруари 1932 година - во Франкфурт.[1] Излегувал двапати месечно. Го редактирале Димитар Влахов, Георги Димитров, Никола Харлаков и други емигранти комунисти од балканските земји. Според уводникот во првиот број, имал задача „да пропагира ослободување и самоопределување на балканските народи и нивно федерирање“. Авторите се застапувале главно за Балканска федерација. Имал особено значење за популаризирањето на македонското прашање во светот. Покрај уредниците, автори на текстовите се и др. Филип Атанасов, Петар Чаулев, Павел Шатев и др. НаводиЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia