Георги Димитров
Георги Димитров роден Георги Димитров Михајлов или Георги Михајлович Димитров во руски медиуми (Ковачевци, 18 јуни 1882 — РСФСР, 2 јули 1949) — политичар од Бугарија со македонско потекло,[1] раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт. Заради неговите промакедонски ставови тој е претставен како предавник во псевдоисториската бугарска историографија. Животопис![]() Рана политичка кариераДимитров станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија. ![]() По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година. Лајпцишки процесДимитров се стекнува со светска слава кога при Лајпцишкиот процес организиран од германските нацисти со цел да се обвинат комунистите за палањето на Рајхстагот во 1933, многу успешно се одбрани и успева да биде ослободен од обвинението. Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943. Премиер на БугаријаПо доаѓањето на власт на Отечествениот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија. Во декември 1946 во Бугарија бил извршен првиот повоен попис на населението. Првпат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.[2] Бугарската историографија се обидува да изгради негативен лик на Димитров како божемен предавник на бугарската национална идеја.[3][4][5] Македонската историографија Димитров го цени како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност.[6] Во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia