Балтословенски јазици
![]() Балтословенските јазици се група јазици составени од две големи индоевропски јазични групи, односно од словенските и балтичките јазици. Балтичките и словенските јазици споделуваат неколку јазичарички елементи кои не можат да се пронајдат кај останатите индоевропски јазици, што посочува дека овие јазици имале еден ист развој и предок. Сепак, во научната јавност има поделба за тоа од која природа е врската меѓу овие јазици, односно некои јазичари тврдат дека оваа врска е генеолошка, а други тврдат дека тие заеднички одлики се како резултат на контактот на јазиците.[1] Во науката се пробало да се реконструира прабалтословенскиот јазик, кој е директен потомок на праиндоевропскиот јазик. Таквата реконструкција на овој хипотетичен јазик била извршена преку споредба и анализа на гласовите и акцентите на современите балтички и словенски јазици.[1] Заеднички карактеристики за балтословенските јазициЗаеднички вокабуларНекои примери на зборови споделени меѓу повеќето или сите балтословенски јазици се:
И покрај лексичкиот развој ексклузивен за балто-словенските јазици кој покажува докази за постоење на фаза на заеднички развој, постојат значителни разлики во вокабуларот на балтичките и словенските јазици. Розвадовски забележал дека секое семантичко поле содржи основен вокабулар кој етимолошки се разликува помеѓу двете гранки. Андерсен претпочите модел на дијалектен континуум, каде најсеверните дијалекти се развиле во балтички, а најјужните дијалекти се развиле во словенски јазици. Андерсен смета дека соседните јазици можеби допринеле до разлики во вокабуларот.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia