Словенски јазици
Словенските јазици — една од најголемите групи на индоевропски јазици. Најмногу се зборуваат во Европа, но исто така и во Северна Азија, односно во азискиот дел од територијата на Руската Федерација. Класификација![]() Словенските јазици се делат на неколку главни групи:
Симбол: † - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови. АкцентАкцентот во словенските јазици може многу да варира помеѓу различните јазици, па дури и меѓу дијалектите во еден јазик. Секој словенски јазик има свој уникатен акцент кој може значително да влијае на изговорот и значењето на зборовите. Во источнословенските јазици акцентот е слободен и може да се најде на било кој слог од зборот. Ист е случајот и со јужнословенските јазици, со исклучок на македонскиот каде акцентот е определен и секогаш се паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Во западнословенските јазици акцентот е исто така определен, и се паѓа на вториот слог од крајот на зборот (во полскиот јазик) и на првиот слог од зборот (во чешкиот и словачкиот јазик).
Писма![]() Многу азбуки биле користени едно или друго време за пишување на словенските јазици. Најчесто користени се глаголицата, кирилицата и латиницата; спорадично биле користени и грчката, арапската, па дури и хебрејската азбука. Приближната дистрибуција по локација и период е приближно следнава:[2]
Општо земено, отсекогаш постоела тесна корелација помеѓу азбуката и религијата, иако не секогаш таа морала да биде причинско-последична. Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia