Барле-Насау (холандски: Baarle-Nassau) — гратче и општина во покраината Северен Брабант, јужна Холандија. Населението брои 6.803 жители (2017). Местото е познато по сложената граница со Белгија која се состои од голем број мали белгиски ексклави, со неколку холандски противексклави во нив.
Географија
Граница со Барле-Хертох, Белгија
Општината е поврзана со белгиските ексклави на Барле-Хертох преку низа сложени граници. Барле-Хертох се состои од 26 одделни парцели, од кои речиси сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.
Најмалата ексклава, наречена Де Ловерсхе Акерс (H7), е парцела со површина од само од 2.469 м2.
Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.
Границата обележана на сите улици со железни клинци како туристичка знаменитост, но и за мештаните, кои вака секогаш знаат дали се наоѓаат во Белгија (Бартле-Хертог) или во Холандија (Барле-Насау). Поделбата се гледа и по броевите на куќите, кои имаат различни стилови, а до табличките неретко стојат и државни знаменца.
Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата помеѓу N1 со H1 минува низ една градба.
N2 — Де Томелсхе Акерс
1,37
Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа 8 живеалишта.
N3 — Де Томелсхе Акерс
0,28
Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N3 и H1 ја двои на два дела натоварната платформа продавница за алкохолни пијалаци.
N4 — Де Ретсхе Акерс
1,23
Противенклава опколена белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N4 и H1 минува низ стовариште, со неискористено холандско земјиште зад него.
N5 — Де Ретсхе Акерс
1,92
Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N5 и H1 минува низ салон за мебел, плевна и амбар.
N6 — Хирле Страт
1,45
Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; се состои од обработливо земјиште со две живеалишта.
N7 — Де Кастелајн
0,58
Противенклава опколена белгиската ексклава ексклава H8, во Барле-Хертох; зазема дел осд поле.
N8 — Восенберг
2,85
Енклава од обработливо земјиште сместена во Зондерајген, Белгија, на помалку од 50 метри јужно од холандската граница.
Белгиски енклави
Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија).
H1 — Ан хет Клостер Стратје - Хофдбрак - Ловерен - Де Босковенсхе Акерс - Де Ловерсхе Акерс - Де Томелсхе Акерс - Де Томел - Де Хирле Страт - Де Рет - Де Ретсхе Акерс - Хет Дорп - Де Капел Акерс - Де Кастелајн
153,64
Образува четворомеѓа со ексклавата H2; најголема белгиска ексклава; во себе опфаќа шест холандски (против)ексклави; се состои претежно од живеалишта, со околни обработливи површини и индустриско подрачје; границата минува низ поголем број градби; опфаќа дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е претворена во велосипедска патека.
H2 — Де Ретсхе Акерс
2,41
Се состои од обработливо земјиште со една четворомеѓа на ексклавите H1 и H2 во средината на пченкарно поле.
H3 — Де Ретсхе Акерс
0,34
Зазема дел од поле; границата минува низ една плевна.
H4 — Де Ретсхе Акерс
1,47
Се состои од обработливо земјиште; границата минува низ куќа и три плевни.
H5 — Де Капел Акерс
0,92
Се состои од обработливо земјиште со живеалиште.
H6 — Хофдбрак
1,74
Земја со мешовита намена; границата минува низ фабрика со склад.
H7 — Де Ловерсхе Акерс
0,24
Границата минува низ две живеалишта, како и по средината на една влезна врата, чија куќа има два различни броја.
H8 — Босковен - Де Кастелајн - Де Орделсхе Страт
41,87
Втора белгиска ексклава по големина, опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата минува низ амбар, живеалиште и две мали претпријатија.
H9 — Де Капел Акерс
0,40
Границата минува низ печатница со склад во индустриска месност.
H10 — Де Орделсхе Страт
0,65
Се состои од обработливо земјиште.
H11 — Де Орделсхе Страт
0,93
Се состои од обработливо земјиште.
H12 — Босковен
0,28
Се состои од обработливо земјиште.
H13 — Босковен
1,53
Границата минува низ 20 живеалишта.
H14 — Босковен
0,72
Границата минува низ 13 живеалишта.
H15 — Босковен
1,72
Границата минува низ 16 живеалишта.
H16 — Кајзерсхук - Орделсхе Страт
4,42
Границата минува низ куќа и три плевни.
H17 — Молерит Хајде
14,92
Ненаселено подрачје на кое се протега дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е велосипедска патека.
H18 — Де Манке Хорен
2,92
Се состои од обработливо земјиште.
H19 — Де Пераутерс
0,68
Се состои од неколку бари и поле.
H20 — Вурстенбос - Восенберг
1,16
Се состои од обработливо земјиште.
H21 — Балбрухсхе Бемден
1,18
Се состои од обработливо земјиште.
H22 — Де Вит Хахен
0,26
Јужно од селото Уликотен; зазема дел од поле; припадноста останала спорна (официјално неодредена) од 1830-тите сè до 1995 г.
↑„Braam V.T.M.“. Gemeente Baarle-Nassau. Архивирано од изворникот на 29 април 2014. Посетено на 28 април 2014.
↑ 5,05,1Whyte, Brendan (2004). "En Territoire Belge et à Quarante Centimètres de la Frontière" An historical and documentary study of the Belgian and Dutch enclaves of Baarle-Hertog and Baarle-Nassau. The University of Melbourne, School of Anthropology, Geography and Environmental Studies. ISBN0-7340-3032-0.