Бартолинитис
Бартолинитис претставува воспаление на Бартолиниевите жлезди го предизвикиваат различни патогени бактерии. Честопати тоа се гонококите. Воспалувањето на изводниот канал на жлездата обично го оневозможува истекот на секретот, поради што настануваат ретенциони цисти, кои можаат да достигнаат големина на јајце од кокошка. Додека не се инфицирани содржаат бистра слузава содржина и не причинуваат посебни пречки . Со инфицирањето на таквата циста, или само ткиво на жлездата настапува апцес[1]. Клиничка сликаЖлездата тогаш е отечена, а кожата што ја покрива е едематозна, црвена и напната. Болната е со висока температура, а поради болките е неподвижна. ЛекувањеДоколку апцесот не се инцизира доаѓа со спонтано прскање. Честопати воспалението се повторува- рецидира. Во акутниот стадиум лекувањето се врши со антибиотици и со инцизија. Во посмирениот стадиум најдобро е да се екстирпира сета жлезда или пак да се направи марсупиелизација. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia