ДисменорејаДисменореја е болна менструација.[1][2] Вообичаено болката се јавува на почетокот на менструацијата.[1] Симптомите типично траат помалку од три дена.[1] Болката обично се јавува во пределот на карлицата или долниот дел на абдоменот.[1] Други симптоми може да вклучуваат болка во грбот, дијареа или наузеа.[1] Дисменорејата може да се јави без друг причинител.[3][4] Најчести причинители на секундарна дисменореја се утерини фиброиди, аденомиоза, и најчесто ендометриоза.[3] Дисменорејата се јавува поретко кај жени кои редовно вежбаат или имаат дете рано во текот на животот.[1] Третманот може да вклучува примена на топли облоги.[3] Лекови кои се користат во третманот се НСАИЛ како ибупрофен, хормонски контрацептиви и спирала со прогестерон.[1][3] Земање на витамин B1 или магнезиум може да биде корисно.[2] Докази за ефектот на јогата, акупунктурата и масажата се недоволни.[1] Доколку постои системски причинител може да биде потребна и хируршка интервенција.[2] Проценките се дека дисменореја се јавува кај 20% до 90% од жените во репродуктивна возраст.[1][4] Дисменорејата претставува најчестото менструално нарушување.[2] Типично, се јавува во текот на првата година после првиот менструален циклус.[1] Кога не постои причинител, често болката се намалува со текот на годините или после раѓањето на дете.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia