Бар во Фоли-Бержер (Мане)
Бар во Фоли-Бержер (француски: Un bar aux Folies Bergère ) e слика - масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1882 година. Таа денес е изложена во галеријата Корто во Лондон[1]. Сликата е богата со детали што даваат индиции за социјалната класа и милје. Жената во барот е вистинска личност, позната како Сузон, која работела во Фоли-Бержер во раните 1880-ти. За неговата слика, таа му позирала на Мане во неговото ателје. Сликата е од подоцнежниот период на неговото творештво. Композициски, употребува доста инвентивна постапка, со огледалото, одразот во него и мултиплицирањето на стварноста од предниот план на сликата. Богата колористички, сликата изобилува со светлина и линиски интервенции кои се дел од импреsионизмот[2]. Иако многумина, моделот - жената, ја сместуваат во проститутките од париското милје, таа носи одредена тага, психологија, замисленост со која Мане внесува своевидна поетика и социјално-хуманистичка соживеаност со женскиот лик. Сликата е една од неговите тестаментални креативни творби од неговиот зрел период. Длабока, светла, инспиративна, повеќеслојна низ повеќе аспекти.[3]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia