Баталјон „Боро Вукмировиќ“
Баталјон „Борис Вукмировиќ“ ― воена единица, составена од политички затвореници од Тиранскиот затвор. Формиран (20 септември 1943 година) во реонот на планината Дајта во Албанија.[1] Бил формиран од 140 припадници на НОД од Косово и Метохија и од Македонија.[2] По капитулацијата на Италија, по групи било организирано бегство од затворот. Партиската организација на Тирана и албанските партизани ги прифаќале овие групи во реонот на планината Дајта. Кон политичките затавореници се приклучила и група логораши од логорот Порто Романо. На планината Дајта, заатворениците биле вооружувани и увежбувани во ракување со оружјето.[1] По десетдневни воени вежби, се упатиле кон Дебар (почеток на октомври). Во Дебарца им се приклучиле и околу 40 борци на шарпланинскиот НОПО. Учествувал во ослободувањето на Кичево (1 ноември 1943 година) и во борбите со германско-балистичките сили на планината Буковиќ, Кичевско (од 1 до 6 ноември 1943 година).[2] При формирањето на Првата македонска народноослободителна ударна бригада (11 ноември 1943 година - во Сливово, Охридско), овој баталјон влегол во нејзиниот состав.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia