Бах, Венера и Аријадна (Тинторето)
Бах, Венера и Аријадна ― слика во масло изведена во Венеција во 1576–77 година од италијанскиот сликар Јакопо Тинторето која виси во Сала дел'Антиколеџо во Дуждовата палата (Палацо Дукале) во Венеција. Тоа е една од четирите речиси квадратни слики на митолошки теми во истата просторија кои биле нарачани да ја прослават владата на дуждот Џироламо Приули (1486–1567).[1] Го прикажува богот Бах (односно Дионис) кој пристигнува од морето со венец и здолниште од лозови лисја, носи китка грозје и брачен прстен. Аријадна го продолжува прстот на кој се носи прстен во исчекување додека божицата Венера ја крунисува со круна од ѕвезди. Аријадна била критска принцеза, полусестра на Минотаурот, која побегнала со Тезеј откако тој го убил Минотаурот. Тезеј последователно ја напуштил на островот Наксос каде што ја открил Бах. Бах и Аријадна се венчале, а Аријадна се воздигнала за да им се придружи на боговите, овековечена како соѕвездието Северна Круна. Аријадна ја олицетвориla Венеција, фаворизирана од боговите и крунисана во слава, бракот што го претставува соединувањето на Венеција со морето. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia