Белатрикс![]()
Белатрикс (γ Ori / γ Orionis), или Гама Орион, е трета по сјајност ѕвезда од соѕвездието Орион и дваесет и седма од списокот на најсјајни ѕвезди на ноќното небо. Името Белатрикс е латински назив за жена воин. Позната е и како Амазонска Ѕвезда. Се смета дека припаѓа на групата ѕвезди од соѕвездието Орион, но денес е познато дека можеби и не е дел од нив, бидејќи е многу поблиску до нас од останатите ѕвезди од таа група. Низ историјата оваа ѕвезда се користела како стандард за сјајност со која астрономите ги споредувале другите ѕвезди. Но подоцна е откриено дека е еруптивно променлива, и дека сјајноста ја менува за неколку проценти во текот на времето. Магнитудата на Белатрикс е меѓу 1,59 до 1,64. Се наоѓа на далечина од 240 светлосни години од Земјата. Наводи
![]() |
Portal di Ensiklopedia Dunia