Белешки за Галската војна
Белешки за Галската војна (латински: Commentarii de bello Gallico) — текст што во 50-те и 40-те години п.н.е. го напишал римскиот воjсководец и државник Гај Јулиј Цезар за да го опише сопственото освојување на Галија — Галската војна. Технички описТекстот се состои од осум книги[1] и е напишан во трето лице. Се смета за едно од најпознатите и најцитираните дела на римската книжевност, односно како најпознати воени мемоари во историјата на човештвото. Поради елегантниот, но едноставен прозен стил, „Белешки за Галската војна“ со векови се користи во образовни цели, односно за што полесно запознавање на учениците со латинскиот јазик. Мотив за пишувањеИако главен мотив за пишување на Цезар му била политичката пропаганда, односно настојувањето да ги оправда своите постапки во Галија пред римската јавност и да се пофали со своите спектакуларни воени успеси, пва дечп се смета за еден од највредните пишани извори за античката историја, особено кога во прашање се подрачјата на северозападна Европа. Цезар е првиот автор кој детално ги опишал тамошните народи и нивниот начин на живеење, а неговата книга е единствениот колку-толку веродостоен извор за предримска Галија, односно со овие текстови започнува и пишуваната историја на Британија. Исто така, книгата се смета за една од првите етнолошки студии во историјата. Се претпоставува дека Цезар не ја довршил книгата сам, односно дека поради зафатеност со граѓанската војна, напишал само седум книги; осмата ја довршил неговиот помошник Авел Хирциј. Надворешни врскиВикиизворот на латински има изворна содржина поврзана со оваа статија:
![]()
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia