Беловрато муварче
![]() Беловрато муварче (науч. Ficedula albicollis) — мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е една од четирите црно-бели вида муварчиња. Се размножува низ југоисточна Европа (со изолирани популации на островите во Балтичкото Море, Шведска) и југозападна Азија. Таа е птица преселница што зимува под Сахара, во Африка. Редок скитник е во западна Европа. Оваа птица е честа во Македонија. ОписОваа тица е долга 12-13.5 см. Мажјакот во сезона на парење е претежно црн одозгора и бел одоздола, со бел ѓердан, голема бела дамка на крилјата, црна опашка (иако некои мажјаци имаат бели агли по страните) и голема бела дамка на челото. Под опашката, задникот е светол. Клунот му е црн, широк и заострен на врвот, типичен за птиците кои ловат инсекти во лет. Освен со инсектите, овие птици се хранат со гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и со бобинки. Кај мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата, црното е заменето со бледо кафеаво, и може тешко да се разликуваат од останатите муварчиња од родот. ПоведениеЖивеалиштето на овие птици се отворените шуми, паркови и градини, во кои претпочитаат да има стари дрвја со дупки во кои ќе гнездат. Го градат гнездото во отворената дупка на дрвото или прифаќаат куќички за птици изградени од луѓето. Обично несат 5-7 јајца. Песната му е бавен, развлечен свиреж. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia