Белокрила црнка
![]() Белокрила црнка (Melanitta fusca) — вид птица од семејството патки, редот на гусковидните. Ја има во Македонија. РаспространетостОваа патка гнезди во северните делови на Европа, Азија и Северна Америка. Зимува на Балканскиот Полуостров (вклучително и Македонија), Велика Британија и јужните делови на Северна Америка. Мали, изолирани популации се среќаваат во источна Турција. ОписТаа се одликува со својата обемна форма и голем клун. Таа е најголемата црнка со должина од 51-58см, со тежина од 0,8 до 2 килограми и распон на крилјата околу 95 см. Мажјакот целиот е црн, освен белата дамка околу очите и неколку бели летечки пердуви. Женките се кафени со два пара бели дамки на двете страни на нивната глава и еден пар од бели линии на нивните крила. Живеалиште и исхранаОвие патки живеат близу езера, мочуришта, бавни реки, густо обраснати со водни растенија. Се хранат претежно со животинска храна: ситни рипчиња, мали мекотели, ларви од инсекти, ракчиња и сл. Нурка околу 14 метри во длабочина и може да остане под вода повеќе од 1 минута. РазмножувањеМоногамни птици се и годишно одгледуваат само едно легло. Гнездат неколку метра од вода, на места обраснати со густа вегетација. Несат 5-17 кремасти јајца, тешки 92 грама и со размер 72 х 48 мм. Ги лежи само женката 25-31 ден, а малечките се испилуваат доволно развиени за да можат сами да се хранат. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia