Белокрстен шарен клукајдрвец
![]() Белокрстниот шарен клукајдрвец (Dendrocopos leucotos) е Евроазиски клукајдрвец кој припаѓа на родот Dendrocopos. Toj е најголем од досега забележаните клукајдрвци во западниот палеарктик. Го има и во Македонија. ОписБелокрстниот шарен клукајдрвец е долг 24-26 см, со распон на крилјата 38-40 см и има перја слични како големиот шарен клукајдрвец, но со бели линии низ целите крилја наместо точки и бел долен грб. Мажјаците имаат црвена круна, а женките црна.[2] РаспространетостПодвидот D. l. leucotos го среќаваме во централна и северна Европа, а подвиодот D. l. lilfordi на Балканот и во Турција. Уште десет подвида се распространети до Кореја и Јапонија. Таа е ретка птица, која бара голема шума, со многу мртви дрвја. Нивниот број значително се намали во нордиските земји, а во Шведска се смета за загрозен вид и е ставен во националната прогарама за заштита.[3] ПоведениеВо сезоната на парење овој клукајдрвец, како и другите од неговиот род, прави гнездо во дупките на дрвото, која е широка околу 7 см и 30 см длабока. Снесува 3-5 бели јајца и ги инкубира 10-11 дена. Се храни претежно со дрвните штетници - инсекти, и нивните ларви, со разни други инсекти, како и со ореви, семиња и други плодови. Чукањето во дрво од страна на мажјаците е многу силно, а огласувањето вклучува мек звук „киук“ и малку подолг „куееек“. ПодвидовиИма 12, до сега познати, подвида:[4][5]
Наводи
Извори
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia