Берде (поранешен округ)
Бердекрајс (германски: Bördekreis) — поранешен округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во правец на стрелките на часовникот) Оре, слободниот округ Магдебург, Шенебек, Ашерслебен-Штасфурт, Кведлинбург, Халберштат и округот Хелмштет во Долна Саксонија. ИсторијаОкругот бил создаден во 1994, кога двата окрузи Ошерслебен и Ванцлебен се споиле. Двата претходни окрузи биле создадени во 1816, во време на Прусија и настанале само мали промени низ времето до моментот на нивното спојување во новиот округ. ГеографијаОкругот го има името од областа во која се наоѓа, Магдебургер Берде. Поради плодната почва развиено е земјоделството. Највисоката точка е Хајдберг (211 м), источно од Зомерсдорф. Постојат неколку мали реки во округот, најпознатата е Алер. Грб
Градови и општини
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia