Анхалт-Цербст
Анхалт-Цербст (германски: Anhalt-Zerbst) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Потсдам-Мителмарк (Бранденбург) и Витенберг, градот Десау и окрузите Кетен, Шенебек и Јерихов. ИсторијаДодека денес Цербст е мал град, тој некогаш заедно со Десау бил еден од двата централни града на Анхалт. Кога државата Анхалт била распуштена во 1603, една од наследничките држави било кнежевството Анхалт-Цербст. Била мала држава со скоро никаква политичка моќ. Во 1793 година, линијата на принцови престанала и Анхалт-Цербст била припоена кон соседното кнежевство Анхалт-Десау. Сегашниот округ бил основан во 1994, со спојување на претходните окрузи Цербст и Рослау со делови од поранешниот округ Грефенхајнихен. Неговите граници се приближно исто со старото кнежевство. Катарина II од Русија била престолонаследничка на Анхалт-Цербст. ГеографијаАнхалт-Цербст се состои од низини северно од реката Елба. Елба влегува во округот на исток, тече низ југоисточниот дел и потоа ја формира јужната и западната граница на Анхалт-Цербст. Бреговите на Елба во рамките на округот се дел од резерватот Средна Елба. На север се наоѓаат јужните делови на платото Флеминг. Грб
Градови и општини
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia