Бермудски Триаголник![]() Бермудски Триаголник — зона во Атлантскиот Океан што се протега помеѓу Мајами — Бермудите — Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како последица на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот Триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 непронајдени луѓе. ТеорииПостојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е дека се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. А друго, дека има пореметување на Земјината магнетосфера. Некои пак мислат дека е дело на пирати. Некои мислат дека е човечка грешка, но сепак мистеријата за Бермудскиот Триаголник станува сè поголема и понејасна од кои луѓето копнеат да дознаат со каков натприроден проблем треба да се соочиме. Прв случајМеѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот Триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селест. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на Бермудскиот Триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида. Други настани
|
Portal di Ensiklopedia Dunia