Бродови — без разлика дали танкери или едноставни вдлабнати кануа, отсекогаш имале голема улога во превозот на луѓе и стока. Повеќе од илјада години трговијата се одвива со помош на бродовите.
Историја
-Околу 3500 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови користејќи папирус.
- Околу 2450 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови од дрвени даски и нив ги управувале околу 30 веслачи.
- Меѓу 500 и 323 година п.н.е. - доба на триери (стар хеленски воен брод кој се движи со помош на весла и кој има статуа од бронзен овен на предната страна со чија помош ги уништува непријателските бродови).
- 400-1200 година п.н.е. викинските дракари владеат со европските мориња.
- 1000 година Викинзите стигнуваат до копното на Северна Америка.
- Околу 1240 година започнува да се користи средно кормило.
- 1486 Бартоломео Дијас се обидува да ја заобиколи Африка и да пронајде нов поморски пат до Индија. Не успева во тоа и стигнува само до ’ртот Добра Надеж.
- 1492 година Кристофер Колумбо обидувајќи се да најде нов поморски пат до Индија стигнува до Средна Америка. Мислејќи дека стигнал до Индија домородците ги нарекува Индијанци.
- 1492 година Васко де Гама наоѓа нов поморски пат до Индија.
- 1501 - 1502 Америго Веспучи докажува дека континентот што го пронашол Колумбо е нов континент и според него го нарекуваат Америка.
- 1519 - 1522 Фернандо Магелан го обиколува светот по морски пат.
- 1700 година - појава на бродови со кормило.
- 1850 - 1959 златна доба на клипери (брзи едреници).
- 1968 - 1969 прво едрење околу светот.
Видови бродови
Патнички - Линиски брод
- Траект
- Хидроглисер
- Брод со точак на крмата
- Лебдилица
- 1588 година - Шпанската Армада
- 1872 година - Мари Целеста
- 1912 година - Титаник - 1915 година - Луситања
- 1963 година - Дона Паз
- 1972 година - Квин Елизабет
- 1978 година - Амоко Кадис
Бродот како тема во уметноста и во популарната култура
Бродови во охридското пристаниште
Бродот како тема во книжевноста
Товарен брод на реката Рајна
„Како кога два брода“ — песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[1]
„Бродот Куманово“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
Бродот како тема во музиката
„Параходот ми пристигна“ — македонска народна песна.[11]
„Пинта, Нина, Санта Марија (Кон вечноста)“ (англиски: Pinta, Nina, Santa Maria (Into Eternity)) — композиција на грчкиот музичар Вангелис од 1981 година.[12]
„Кога пристига бродот“ (англиски: When The Ship Comes In) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[13]
„Кристален брод“ (англиски: The Crystal Ship) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1967 година.[14]
„Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на Дорс од 1970 година.[15]
„Дрвени бродови“ (англиски: Wooden Ships) - песна на американската фолк-рок група Крозби, Стилс и Неш (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[16]
„Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1974 година.[17]
„Брод на слободата“ (англиски: Liberty Ship) — песна на британската рок-група The La's од 1990 година.[18]
„Бродови“ (шпански: Ships) — песна на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1982 година.[19]
„Брод на смртта“ (англиски: Death Ship) - песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[20]
Наводи
↑Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.