Бернардино Кабаљеро
Хуан Бернандино Кабаљеро де Ањаско и Мелгарехо (шпански: Juan Bernardino Caballero de Añasco y Melgarejo, 20 мај 1839, Ибикуј, Парагвај – 26 февруари 1912, Асунсион)[1] — парагвајски воен ветеран од времето на Парагвајската војна, деветти претседател на Парагвај и основач на партијата Колорадо. Тој бил водечка политичка фигура во Парагвај од раниот поствоен период па сè до либералната револуција во 1904. Ран животКабаљеро е роден во Ибикуј. Тој е потомок на шпанско благородничко семејство, син на Хосе Кабаљеро де Аназко (наследник на Тупак Хуалпа) и неговата жена Мелкора Инес Мелгарехо и Генес. Тој бил женет двапати, еднаш со Марија де ла Консепсион Дијаз де Бедоја и вториот пат со Хулија Алварез. Тој имал две деца со првата жена, Рамон Кабаљеро де Бедоја и Мелкора Кабаљеро де Бедоја. Кабаљеро имал уште 90 вонбрачни деца, сите признати од него. Воена службаКабаљеро се приклучил на редовите во Армијата на Парагвај во 1864 година и се борел во Парагвајската војна.[2]:75 Тој учествувал во кампањата во Мато Гросо, а подоцна бил помошник на претседателот Франсиско Солано Лопес. Поради неговата лојалност и упорност, тој напредувал во воената каериера. Тој достигнал до чин генерал на коњаница. Тој бил жив воен херој кој го заробиле Бразилците на 8 април 1870 година во близина на реката Апа после битката на Серо Кора. Кабаљеро бил пуштен во мај 1871.[3] За време на неговото заробеништво тој се спријателил со Бразилците, па така нивната понатамошна поддршка била важна за неговата политичка кариера. Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia