Колорадо (Парагвај)
Национален републикански сојуз – Партија Колорадо (шпански: Asociación Nacional Republicana – Partido Colorado, ANR-PC) е десно ориентирана политичка партија во Парагвај. Партијата е основана од Бернардино Кабаљеро на 11 септември 1887 година во Асунсион. Оваа партија е најдоминатната партија во полтичката историја на Парагвај од независноста на државата. Партијата Колорадо после 61 година на власт за првпат ги изгубила парламентарните избори во 2008 година, но го зачувала претседателот на изборите во 2013 година. Историја1887–1989Првично партијата управувала со државата од 1887 до 1904 година. Во 1946 година Колорадо се приклучила во власта, заедно со Револуционерната фебреристичка партија, за време на претседателскиот мандат на Игинио Морињиго. Од 1947 година па до 1962 година, Колорадо управувала со Парагвај ако еднопартиска држава. За време на тој период, сите други политички парти биле прогласени како нелегални.[1] Сепак, во 1962 година сите национални партии биле номинално легално, а Комунистичката партија на Парагвај останала да биде прогласена за нелегална а нејзините членови доживеале прогон од властодршците. За време на управувањето на Алфредо Стреснер се донело закон со кој се обрзале сите армиски службеници и чиновници да бидат членови на партијата Колорадо. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia