Бесник Емини е роден на 15 октомври 1977 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Во 2000 година дипломира на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје со втората генерација питомци на академијата и ја започнува својата служба во Армијата на Република Македонија (АРМ) во 1.пешадиски баталјон на 15.пешадиска бригада во Тетово. Подоцна е дел од специјалните сили на Армијата односно Полкот за специјални операции (пСО). Учествува во мисијата „Iraqi Freedom“, за што е одликуван со Пофален медал на Армијата на САД. Во 2014 година ја завршува Школата за национална одбрана во Рим, Италија. Во 2017 година магистрира на Институтот за безбедност и одбрана во Скопје. До 2018 година е заменик командант на пСО.[1] Од 2018 до 2019 година е заменик командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), најголемата единица на Армијата.[1][2] Од февруари до јули 2019 година е началник на штаб во Здружената оперативна команда (ЗОК).[3][2][4][5] Од 2019 до 2021 година е командант на 1.мпбр, во меѓувреме преименувана во 1.пешадиска бригада (1.пбр).[4][5][6][7] Во 2020 година е унапреден во генералскиот чин бригаден генерал.[8][9] Од 2021 година е командант на Командата за операции (КО).[10][11]
Одликувања и признанија
Забелешка: Списокот на одликувања и признанија може да не е целосен.
Пофален медал на Армијата (Army Commendation Medal)