Бизмарков Архипелаг
Бизмарков Архипелаг (англиски: Bismarck Archipelago) — островска група североисточно од Нова Гвинеја, во западниот дел на Тихиот Океан. Управно влегува во состав на Островскиот Регион на Папуа Нова Гвинеја. Зафаќа површина од околу 50.000 км2. ИсторијаПрвите жители на архипелагот се доселиле некаде пред 33.000 години од Нова Гвинеја, или со пловила преку Бизмарковото Море или преку привремен копнен мост создаден со подигање на Земјината кора. Подоцна се доселиле и други, како народот Лапита. Првиот европееецa што ги посетил овие острови бил холандскиот истражувач Вилем Схаутен во 1616 г.[1][2] Островите останале ненаселени од Европејци сè до нивното припојување како дел од протекторатот Германска Нова Гвинеја во 1884 г. Областа е наречена во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк. На 13 март 1888 г. на островот Ритер избувнал вулкан и предизвикал мегацунами. Речиси целата вулканска планина паднала во океанот и од неа останало само мало кратерско езеро.[3] Во 1914 г. со почетокот на Првата светска војна, Австралиските поморски и воени експедициски сили го зазеле островот и Австралија подоцна ги добила од Лигата на народите како нејзина мандатна територија. Австралиско владение сè до независноста на Папуа Нова Гвинеја во 1975 г. со исклучок на јапонската окупација за време Втората светска војна. ГеографијаАрхипелагот опфаќа претежно вулкански острови и се протега на површина од 49.700 км2 во состав на Бизмарковото Море. Во тектонска смисла, сместен е на севернобизмарковата, манушката и јужнобизмарковата плоча. Ова е список на острови во архипелагот, подредени по покраини: ![]()
![]()
![]()
Морскиот премин помеѓу Нова Британија и Нова Ирска се нарекува Светигеоргиев Проток според Светигеоргиевиот Проток помеѓу Британија и Ирска. ПоврзаноНаводи
Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia