Билјана Беличанец-Алексиќ
Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје — 6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3] ЖивотописБеличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно играла главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други установи и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“. СмртНа 6 април 2019 година била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата, се работело за самоубиство. Филмографија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia